Коктели за хороскопски знаци
Во пресрет на лудите деноноќни забави коктелите се идеален пијалак за подобрување на вашето расположение.
Сепак
овој пат ви нудиме избор на најразновидни коктели во зависност од
вашиот хороскопски знак. Бидете инвентивни и направете ја својата
домашна забава поинаква од другите. Овен или бик, скорпија или водолија
не е важно, покажете ја својата креативност и уживајте.
Овнитесакаат се што е скапо па затоа за нив се препорачува коктел од скапи
пенливи вина. Земете една праска или калинка и блендирајте ја со малку
мраз. Откако ќе го направите тоа прелијте со пенливо вино.
Биковите се
познати како знак кој ужива во храната. Бидејќи станува збор за
вистински гурмани и коктелот кој што го подготвувате за нив треба да
има интензивен вкус. Во чаша ставете неколку зашеќерени јагоди и
прелијте со слатко вино по сопствен избор.
Близнаците важат за визуелен тип на луѓе па затоа
коктелот кој што ќе им го приготвите треба да изгледа убаво. Помешајте
еднакви количини од овошен чај, сируп од мандарина и пиво. Доколку
сакате можете да додадете и парчиња од свежо овошје.
Раковитепреферираат добар вкус но и добар мирис па затоа најмногу уживаат
во јаки коктели. Помешајте еднакви количини на вотка, ликер од ментол,
сок од лимон,сируп од лимон, минерална вода и послужете со мраз.
Лавовитесакаат се што е гламурозно, скапо и во тренд па затоа нема да згрешите
доколку им подготвите коктел кој што е навистина луксузен. Затоа
разгледајте ги новите трендови и од таму одберете соодветен коктел.
Девицата е позната по својата пребирливост па затоа
е мошне тешко да се задоволи. Нивниот коктел треба да биде едноставен
но внимателно подготвен. Во чаша со минерална вода додадете сок од еден
портокал и малку рум. Коктелот послужете го со мраз.
Терезиитесакаат нивниот коктел да биде во најразлични бои. Затоа треба да
посветите поголемо внимание на неговиот изглед .Измешајте еднаква
количина на бело вино, вотка и сируп од портокал. Послужете со мраз и
задолжително украсете со вишни, јагоди или друго овошје. Мистичните
скорпии сакаат мистични коктели. Кога го подготвувате нивниот коктел не
ги мешајте содржините туку само налевајте една по друга. Колку е
посилен коктелот толку е подобар. Во висока чаша налејте рум, џин,
ликер од мента и така послужете.
За класичниот тип на
стрелецби можеле да подготвите комплициран коктел составен од јагоди, топка
сладолед и на крајот прелиен со пенливо вино. Традиционалната природа
на јарците сака проверени рецепти. За нив ќе биде доволен и обичен
коктел како што е џин тоникот.
Водолиите сакаат нови нешта па ќе бидат среќни
доколку им понудите нешто ново. Можете да помешате виски со сок од
свежо исцеден лимон и портокал и потоа да додадете тоник.
За
рибитеподгответе овошен коктел но не заборавајте да додадете некоја егзотична
состојка. Обидете се да ги заинтригирате. Земете парчиња од диња и
лубеница и прелијте ги со рум, ликер од кокос и малку сируп од јагода.
Доколку сакате можете да го разблажите коктелот со минерална вода и
мраз.