ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Најнови информации за кошарката...

Go down 
АвторПорака
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Саб 10 Јан 2009, 15:58

Кармело скрши рака

Кошаркарот на Денвер, Кармело Ентони, на натпреварот против Индијана. Детални информации за повредата на Ентони
се уште нема, но по комплетните прегледи најдоцна до утре треба да се
знае колку долго ќе трае рехабилитацијата на крилниот играч на Денвер.

"Во
моментов сум многу загрижен од причина што не знам за каков вид на
фрактура станува збор. Лекарите по првиот преглед ми рекоа дека коската
не е одвоена и дека најверојатно не станува збор за посериозна
повреда", изјави Ентони.

Ентони се повреди во текот на третиот период во дуелот против Индијана и тоа по дуелот со противничкиот центар, Џеф Фостер.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Вто 06 Јан 2009, 14:01

ФИБА со ново натпреварување

На состанокот на Извршниот комитет на ФИБА што се одржа во Женева, донесена е одлука до 2010 година да почне да се организира Светско клупско првенство.

Според
одлуката тоа ќе се одржува секоја година и тоа текот на месец октомври
и за победникот на турнирот ќе му се додели парична награда од еден
милион долари.

На првото натпреварување ќе партиципираат осум
тима и тоа континенталните шампиони на Африка, Азија, Океанија, прво и
второпласираните тимови од Европа, Северна и Јужна Америка, како и
еден клуб кој ќе добие специјална покана од организаторот.
Барем на почетокот на турнирот нема да има тимови од НБА Лигата.

"Имавме
некои разговори со НБА и решивме на првиот шампионат да нема екипа од
лигата, но веќе од втората година со сигурност можеме да го потврдиме и
учеството на тим од ова натпреварување", изјави портпаролот на ФИБА,
Маркус Белтра.

Според најавите домаќин на првиот шампионат ќе биде Кина и е предвидено да трае пет дена.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Пет 26 Дек 2008, 12:59

Џејмс со нови патики

На денешниот натпревар против Вашингтон, ѕвездата на Кливленд, ЛеБрон Џејмс ќе го промовира новиот модел на
патиките со неговиот потпис, кој е дизајниран во чест на неговиот
ритуал пред секој натпревар кога фрла талк врз записничката маса.

Произведувачот
на патиките, Најк, подготвува конфети за секој навивач, кој во моментот
кога Џејмс го изведува својот ритуал и тие треба да ги фрлат во воздух.

Оваа
патика е деветти по ред модел од едицијата Зум ЛеБрон, минатиот месец
тој на дуелот против Њујорк го промовираше Биг Епл моделот, кој во
моментов е хит во градот.

Патем фондацијата на Џејмс, обезбеди
влезници за 25 семејства кои немаат средства да купат карти за следење
на натпреварите на Кливленд.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Пон 17 Ное 2008, 22:57

Македонија против Грција

Попладнево во Варшава беа одредени групите за првата фаза од натпреварите на Европското првенство што следната
година ќе се одржи во Полска. Нашиот тим се најде во А групата и според
квалитетот ви директниот дуел со Израел ќе решаваме за пласман во
втората рунда.

Македонија освен со Израел и Грција ќе се сретне и со селекцијата на Хрватска.

Релативно тешка група, но сепак можеме да се надеваме на освојување на третото место.

Селекцијата
на Израел ни е во лошо сеќавање од нашиот единствен настап на големите
натпреварувања кога во 1999 година со кош во последните секунди не
елиминираше од натамошното учество на Првенството.

Европско првенство - жрепка:

А група
Македонија
Хрватска
Израел
Грција

Б група
Русија
квалификант
Германија
Летонија

Ц група
Велика Британија
Србија
Шпанија
Словенија

Д група
Полска
Турција
Литванија
Бугарија

Дополнителни квалификации:

А група
Португалија
Босна и Херцеговина
Белгија

Б група
Италија
Франција
Финска

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Сре 15 Окт 2008, 18:45

Гечевски ја сруши Цибона
Кошаркарите на Задар со победата од 94:87 во дуелот против Цибона го направија најголемото изненадување во
второто коло од Јадранската лига, а нашиот репрезентативец Тодор
Гечевски со 20 постигнати поени беше еден од најзаслужните за победата
на гостинскиот состав.

Гечевски
на средбата во Загреб одигра скоро 30 минути и забележа 20 поени, шест
скока и две асистенции. Заедно со Гечевски 20 поени во тимот на Задар
постигна и Дамир Ранчиќ.

Во составот на Цибона, најпрецизен со 26 поени беше Ерл Каловеј.

Олимпија
на Владо Илиевски се намачи да дојде до првата победа во лигата
совладувајќи го младиот состав на ФМП со 88:81, а нашиот
репрезентативец одигра 34 минути и со 16 поени беше најефикасен во
домашниот тим.

Во редовите на ФМП, Предраг Самарџиски одигра 19 минути со учинок од три поени и седум скока.

Јадранска лига - Резултати 2. коло:

Крка - Црвена Звезда 56:83
Олимпија - ФМП 88:81
Војводина - Будуќност 76:85
Сплит - Загреб 76:54
Цибона - Задар 87:94
Босна - Хемофарм 67:78
Патризан - Хелиос 81:65

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Пет 10 Окт 2008, 16:16

Стартни победи на нашите!!!

Македонските претставници во Балканската кошаркарска лига, Фершпед Работнички и Фени Индустри со победи стартуваа во новоформираната регионална лига.




Во натпревар од Б групата, во салата во Градскиот парк, Фершперд Работнички го совлада романскиот претставник, Динамо од Букурешт со 67:61.

Нашиот тим доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено дојде до првата победа.

Најефикасен во победничкиот состав беше Ерсид Љуца со 15 поени додека Тони Симиќ постигна 11.

Во гостинскиот тим Виорел Мокану беше стрелец на 11 поени.

Во мечот од групата А, Фени Индустри беше поуспешен од Раднички и на гостувањето во Крагуевац славеше победа од 74:63.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   Пон 06 Окт 2008, 22:25

Стартува Јадранската лига!

Денеска започнува осмото издание од јадранската кошаркарска лига во која сезонава ќе се натпреваруваат 14 екипи од поранешните југословенски републики.

Според многумина ова натпреварување сезонава ќе биде едно од најквалитетните во кусата историја од нејзиното формирање.

Еден од најголемите фаворити за првото место е бранителот на трофејот од минатата сезона, Партизан, но се очекува во трката да се вклучат Цибона и Олимпија кои летово многу инвестираа во своите екипи.

На стартот најголем интерес предизвикува дуелот во Задар, каде домашниот тим на отворањето на новата сала Крешимир Ќосиќ го пречекува Сплит додека многу возбудувања се очекуваат на натпреварот ФМП - Црвена Звезда, каде се очекува да се види квалитетот на домашниот тим кој ќе биде најмлад во лигата бидејќи највозрасниот кошаркар има само 22 години.

Од нашите репрезентативци, дресот на Олимпија ќе го носи Владо Илиевски, во ФМП настапува Предраг Самарџиски, а и оваа сезона во Задар ќе игра, Тодор Гечевски.

Двојки - 1. коло (сабота):

Задар - Сплит 15:45ч
ФМП - Црвена Звезда 16:00
Загреб - Војводина 18:00
Хелиос - Босна 18:00
Будуќност - Олимпија 19:00
Партизан - Крка 20:00
Хемофарм - Цибона 20:15

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Најнови информации за кошарката...   Пон 06 Окт 2008, 22:23

Овде можете да ги поставувате сите новитети кои ќе ги дознаете, прочитате или слушнете!

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Најнови информации за кошарката...   

Вратете се на почетокот Go down
 
Најнови информации за кошарката...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: СПОРТ :: Кошарка-
Отиди до: