ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...   Саб 08 Aвг 2009, 23:39

Еве уште нешто интересно за пилатесот :)
барем за некои од вас ќе биде добра причина да почнете да вежбате пилатес :)


Подобар секс со пилатес


Пилатесот не е само несвесно повторување на движења. Суштината на пилатесот не е во тоа што правите, туку како го правите. Присуството на духот е неопходно за да постигнете добра форма.
Вежбите пилатес се нарекуваат “врвни” бидејќи ни помагаат да влеземе во своето
тело, да сфатиме како правилно да седиме, стоиме, како да се
наведнуваме и да се подигнуваме. Како правилно да ги користиме
мускулите во нашето тело. Но, тука не престанува корисното дејство на пилатесот. Пилатесот може да ви помогне да го подобрите и вашиот сексуален живот. Откако
ќе станете свесни за вашето тело и откако ќе научите да ги разликувате
мускулите на карлицата ќе го зголемите чувството на задоволство и
подобро ќе ги контролирате мускулите додека водите љубов. (Мускулите на
карлицата се оние кои ја контролираат матката и анусот, како и
мускулите на вагината) Секако, подобрата раздвиженост на
колковите и нозете, тоа ја зајакнува карлицата и колковите, ви дава
повеќе можности и избор додека водите љубов, како и поголема физичка
издржливост! Доколку водите љубов со елементи на гимнастика,
пилатес вежбите може да ви помогнат и да го спречат претераното
истегнување на мускулите и повредите.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...   Саб 08 Aвг 2009, 23:31

Еве какви се ПИЛАТЕС-вежби има:




  • Вежбање со ластици за обликување на телото
    претставува начин на вежбање кое вклучува отпор кој ви овозможува на
    телото да му поставите предизвик. Во програмата се вклучени вежби за
    оформување, зацврстување на мускулите и кардиоваскуларни вежби.
  • Топчинњата за зацврстување се повеке наменски
    помагала за вежбање. Се користат за подобрување на телесната сила,
    функционалност на движењето, целокупна мускулна еластичност и
    подвижност.
  • Даската за балансирање е начин на вежбање за стабилност и координација.
  • Теговите за вежбање се со максимална тезина од 1кг
    и нивната намена не е за билдање туку за издолжување - создавање
    вретенеста форма на мускулите. При вежбање се користат за зајакнување и
    одржување рамнотежа.
  • Пилатес топки - се развива силно и еластично тело
    и се постигнува психичка стабилност. Издржливоста на топките е 450кг за
    нормална употреба а ги има во три димензии со радиус од 55 см, 65 см и
    75 см. Вежбањето на овие топки е вистинска забава. Со комбинирање на
    динамични вежби на топка, техники на движењето и опуштање на топка ке
    го смените квалитетот на животот и здравствената состојба.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...   Саб 08 Aвг 2009, 16:41

Пилатесот од скоро време почна многу да ме интересира, па затоа постирав само за пилатес..
Постојат вежби кои можете да ги правите и во домашни услови.
Ќе постирам понатаму и видеа, ако начекате на нет било што интересно за пилатесот, јогата, аеробикот, фитнесот и сл.
Постирајте тука.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...   Саб 08 Aвг 2009, 16:39



Пилатес е техника на вежбање која настанала во дваесеттите години на

минатиот век. Тоа е микс на вежби за зајакнување и за еластичност на
телото.Со редовно вежбање на пилатес на своето тело му овозможувате:




- Издолжување и зацврстување на мускулите;

- Подобрување на дишењето;

- На телото ќе му ја вратите еластичноста ;

- „Подмачкување“ на зглобовите;

- Може да ја победите остеопорозата;

- Може да ви помогне полесно да ја поминете бременоста, а потоа лесно да ја вратите старата фигура;

- Ќе го ослободите телото од стресот и напнатоста;

- Ќе ги намалите или остраните симтомите на ПМС;


Татко на овој начин на вежбање е германецот Јозеф Х. Пилатес, кој боледувал од асма и бронхитис. Но имал голема желба и волја да направи нешто повеќе за своето здравје.

Јозеф измислил стотина вежби со кои ја подобрил својата здравствена состојба.
За време на Првата светска војна бил во логор каде набрзо почнал да ги
тренира затворениците, а како реквизити за вежбање ги користел
креветите кои ги прицврстил на ѕид.

После војната заминал во САД каде го отворил првото пилатес студио кое и ден
денес работи. Негови редовни клиенти му биле балерини, атлетичари,
гимнастичари и театарски актери.
Вежбите кои денес се користат во пилатес се надоградени и усовршени. За среќа
на бројните љубители на пилатес низ целиот свет, вежбите се едноставни
и прилагодливи кон секој, без разлика на полот, кондицијата и годините.






_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...   

Вратете се на почетокот Go down
 
Пилатес, Јога, Аеробик, Фитнес...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје-
Отиди до: