Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Модни трикови за подобар изглед

Go down 
3 posters
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Модни трикови за подобар изглед Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Модни трикови за подобар изглед 1494dwwjpg

Модни трикови за подобар изглед Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модни трикови за подобар изглед   Модни трикови за подобар изглед EmptyНед 23 Aвг 2009, 17:40

Шминкајте ги очите според пригодата


Модни трикови за подобар изглед Eye_and_mascara
Очите се најважниот, но и најкомплицираниот дел за шминкање.
Правилно и соодветно нашминканите очи се доказ за вашата умешност во
средувањето. Никогаш не излегувајте нашминкана, ако тоа не сте го
сториле добро.
Шминкајте се како професионалец и според пригодата. Навечер е
дозволено повеќе да експериментирате и да користите потешка шминка.
Преку ден е доволно само да ги истакнете трепките.
Доколку ги почитувате неколкуте основни правила, секогаш ќе бидете
поинаква бидејќи постојат многу начини како да ги истакнете очите.
Шминкајте се во зависност од тоа дали сакате да изгледате свежо,
природно, секси, гламурозно. Еве како да го постигнете тоа:

Креирање софистициран изглед.
Нанесете светла сенка на целата површина од очниот капак.
Дефинирајте ја линијата на окото со тоа што ќе нанесете темна сенка по
должината на трепките. Колку потемна сенка, тоа подобро бидејќи на тој
начин ќе постигнете драматичен изглед. За да го отворите и да добиете
свеж изглед, ставете светла сенка на крајот од окото и малку закосете.
Финиширајте со маскара.

Екстра-совет: кога правите избор на сенките, имајте
на ум дека пастелните сенки се потопли и нежни, а темната сенка изгледа
многу подраматично.

Креирање елегантен изглед.
За да создадете елегантен и вечерен изглед потребни ви се три
нијанси на сенки: светла, темна и средна. Шминкањето оди на три нивоа.
Нашминкајте една тенка линија со темната сенка веднаш над трепките.
Онаа со средна нијанса ставете ја на самиот капак, додека од светлата
ставете на самата коска под веѓата. Употребете ја четката за убаво да
го засените окото, да ги заоблите острите рабови за да добиете целина и
боите да се претопуваат една во друга.
Ставете малку светла сенка на крајот од окото и секако маскара. На
тој начин спречувате окото да има уморен изглед натрупан со сенки. За
да добиете смоки-ефект, исцртајте го окото со моливче, а на трепките
ставете малку прав од темната сенката и поминете со четка.

Креирање природен изглед.
Потребно ви е кафено моливче. Со него по должината на трепките
ставете точки. Бидете внимателни точките да не се забележуваат на
капакот. За да бидете попрецизни ставајте ги помеѓу трепките. Ако
сакате уште повпечатлив изглед, потребно ви е црно моливче или туш.
Нанесете го погоре на капакот, повторно следејќи ја линијата на самото
око. За уште понежен изглед, обидете се да повлечете тенка линија што
поблиску до трепките. На крајот следува маскара. Не штедете ја, ставете
неколку слоја.

Креирање блескав изглед.
Доколку сакате да имате природен, но сепак блескав изглед на очите,
употребете само маскара. Ставете еден слој на горните и на долните
трепки. Почекајте да се исуши и повторете ја постапката. Бидете
внимателни, особено кога ги поминувате крајните трепки. Ако сакате
окото да ви биде уште повпечатливо и отворено, претходно свиткајте ги
трепките со специјалниот виткач. Фатете ги трепките од коренот, но
внимавајте да не се штипнете.

Екстра-совет: за маскарата подолго да трае и да не се суши, не брцкајте во неа со четката бидејќи на тој начин внесувате воздух во тубата.
Вратете се на почетокот Go down
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
Шеќерче


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 34
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака : Модни трикови за подобар изглед Cool
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
: Модни трикови за подобар изглед Xnxloxjpg

Модни трикови за подобар изглед Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модни трикови за подобар изглед   Модни трикови за подобар изглед EmptyСаб 15 Aвг 2009, 17:39

Модни трикови за подобар изглед Gi_cesla_vegite
Оваа сезона во мода се густите и несредени веѓи, но тоа не значи
дека ќе ги постигнете ако ги запуштите. И таквите веѓи бараат внимание.
Сепак, шминкерите велат дека не смеете да се ограничите само на
веѓите кои се ин, што ако не ви прилегаат? Затоа при обликувањето
водете се според обликот на лицето, формата и оддалеченоста на очите и
тенот кога зборуваме за нивната боја.
Почетокот на веѓата одредете го со молив или четка, така што ќе го
доближите до носницата и до аголот на окото. Онаму каде што моливот ја
допира веѓата е местото од каде што треба да почнува. Доколку има
влакненца надвор од моливчето, особено помеѓу oчите, искубете ги.
Крајот на веѓата ќе го одредите на истиот начин, само што моливот ќе
го доближите до носницата и надворешниот агол на окото. Со ова ја
одредивте должината на веѓата. За поприроден изглед завршетокот нека
биде заоблен, а не остар.
Пред огледало во светла просторија и со добра пинцета, отстранете ги
влакненцата што излегуваат од обликот и останатите кои бегаат. Некои
луѓе природно имаат убав облик на веѓите, така што немаат потреба од
правење конкретен облик. Освен да ги искубат вишокот влакненца.
Отстранувањето на веѓите по туширањето и во насоката во која растат е многу полесно и помалку болно.
Доколку имате ретки веѓи, можете да ги пополните со моливче. Но,
никако не цртајте линија од почеток до крај, така ќе изгледате
вештачки. Нанесувајте точки на местата каде што ви фали влакно и
засенете.
Бојата на веѓите треба да биде двапати потемна од бојата на косата.
За тие со црна коса им треба црно моливче, на бринетите со боја на
лешник, на црвенокосите златни нијанси на кафена боја, на русокосите
што посветли.
За да го одржувате обликот, особено оние што имаат меки веѓи
најчесто им паѓаат надолу, треба да ги чешлате. Доколку немате чешел за
веѓи, искористете ја четката од исушената маскара. Зацврстете ги со
малку лак или гел за коса.
Вратете се на почетокот Go down
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Модни трикови за подобар изглед Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Модни трикови за подобар изглед Xnxloxjpg

Модни трикови за подобар изглед Empty
ПишувањеПредмет: Модни трикови за подобар изглед   Модни трикови за подобар изглед EmptyПет 14 Aвг 2009, 19:07

Во оваа тема постирајте најразлични модни трикови што значително ќе го подобрат нашиот изглед.
Дали во козметички аспект или во стилот на гардеробата и нејзиното комбинирање сеедно.


Модни трикови за подобар изглед Rumenilo
Навистина е чудно, но наидовме на податокот дека денес жените го избегнуваат руменилото за разлика од минатото. Ако порано 66% од жените користеле руменило, денес процентот изнесува 47.
Која е причината за тоа? Секако дека се уште е во мода, шминкерите го користат како за дневниот така
и за вечерниот мејк ап. Можеби причината е тоа што жените не знаат како
да правилно да го нанесат? Бидејќи доволно е една од фазите на
шминкањето да не знаете да ја изведете и веќе влегувате во категоријата
лошо нашминкани. Особено кога станува збор за руменилото, еден слој
повеќе и ќе изгледате како кловн.
Постојат повеќе правила за нанесување на руменилото кои може да се
поделат во повеќе категории. Правила за руменило навечер и преку ден,
соодветна нијанса според тенот и приликата и нанесување според формата
на лицето. Овој пат ќе почнеме одзади.
Без разлика на бојата на руменилото, секогаш водете се по формата на
лицето. На тој начин ќе бидете сигурни дека правилно сте го нанеле и
максимално ќе го искористите неговиот ефект.
Овално лице.
Ако спаѓате во оваа категорија, тогаш не мора многу да се мачите
бидејќи контурите на лицето се така наместени што самите јаболкници се
истакнати. За природен и свеж изглед ставете од руменилото директно на
јаболкниците на самите образи. За повпечатлив изглед при вечерното
излегување ставете малку од руменилото на носот.
Четириаголно лице.
За да ги заоблите аглите на лицето, ставете светло руменило на
јаболкниците и постепено затемнувајте кон слепоочниците. Внимавајте не
треба линијата да биде права туку заоблена кон слепоочниците. За да ги
заоблите и истакнатите агли на вилицата, ставете малку од руменилото на
брадата.
Тркалезно лице.
Ако ставите од руменилото директно на јаболкниците, ќе добиете
поголем круг на лицето. За да го издолжите ставете од руменилото под
самите јаболкници кон ушите. Ставете од почеток подебел слој за да
направите убава сенка, а подоцна со четката одземете го вишокот. На
овој начин ќе создадете ефект на вдлабнатина на лицето, јаболкниците ќе
се истакнат, а вашето лице ќе добие овален облик. И да ставите малку од
руменилото на јаболкниците не е толку страшно само ако внимавате да не
биде блиску до носот. Што подалеку од носот тоа подобро.
Издолжено лице.
За да влијаете на должината на лицето, ставете од руменилото на
јаболкниците и не повлекувајте линија спрема ушите или кон
слепоочниците. Задржете се само на јаболкниците за да го заокружите
лицето. Уште еден трик за поголем ефект е да поминете со четката на
челото и на брадата.
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
Sponsored content





Модни трикови за подобар изглед Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модни трикови за подобар изглед   Модни трикови за подобар изглед Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Модни трикови за подобар изглед
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Мода & Убавина-
Отиди до: