Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Пиво и се за пивото

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Пиво и се за пивото Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Пиво и се за пивото Xnxloxjpg

Пиво и се за пивото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пиво и се за пивото   Пиво и се за пивото EmptyПон 17 Aвг 2009, 16:20


  • Приказната за пивото е стара колку и приказната за лебот. Што
    било прво, пивото или лебот, сè уште утврдуваат историчарите за храна.

  • Првото пиво веројатно се правело од пченица и јачмен. Дури во 1516
    година баварскиот закон за чистота на пивото наложил: „Пивото се прави
    од јачмен, хмељ и вода“.
На овој закон се придржуваат Германците, додека останатите додаваат и поевтина пченка или ориз.


  • Хмељот на пивото се додава како зачин што ја дава пријатната горчина,
    пена, но и го конзервира развојот на несаканите бактерии и придонесува
    на процесот за бистрење.
  • Пивото ја гаси жедта, освежува,
    закрепнува и релаксира. Тоа е и многу здраво. Позитивниот ефект и
    лековитоста на пивото луѓето ја препознале уште од дамнешни времиња.

  • Во стар Египет пивото било како напивка што закрепнува и дава енергија
    и било задолжителен оброк на робовите - градители на пирамидите.

  • Освен за враќање на силата по напорната работа, пивото тогаш било
    напивка на сиромашните и ја заменувало главно нечистата вода.
  • Освен за пиење, пивото се користело и во козметички цели за освежување на кожата на лицето и превенција од кожни заболувања.

  • Пивото содржи витамини од групата Б, потоа магнезиум, калиум, калциум,
    железо и цинк. Богато е со јаглени хидрати, протеини и флавоноиди, но и
    антиоксиданти.
  • Лековитоста на пивото е потврдена и во многу современи научни и клинички испитувања.

  • Пивото, меѓу останатото, позитивно влијае и врз циркулацијата на крвта
    и крвниот притисок, како и на количеството шеќер и вредноста на
    маснотиите во крвта.
  • Има благотворен ефект и кога станува збор за болестите на мокрачните канали или камен во бубрезите.

  • Пивото поволно делува и врз психата бидејќи го поттикнува доброто
    расположение, релаксира, ја намалува напнатоста, нервозата и стресот.
    Сепак, со оглед на опасноста што ја носи претерувањето во алкохолот,
    клучен збор кај сите сознанија за позитивниот ефект на пивото врз
    здравјето е „УМЕРЕНО“.
  • Спротивно на врежаното мислење, пивото
    воопшто не здебелува, бидејќи не содржи маснотии. Пивото има слична
    енергетска вредност како и млекото и нема никакви „сокриени“ состојки
    што би поттикнувале на дебелеење, посебно на создавањето на
    таканаречениот „пивски стомак“.
  • Причина за таложење на
    килограмите кај „пивопијците“ е претерувањето. Исто така, утврдено е
    дека прехранбените навики на пивопијците се помалку во склад со
    нутриционистичките препораки, отколку кај луѓето кои повеќе го сакаат
    виното.
  • Исто така, интересно е дека многу поголема е
    веројатноста за појава на „пивски стомак“ ако одеднаш се испие поголемо
    количество на овој пијалак, отколку ако тоа рамномерно се распореди во
    текот на неделата.
  • Според податоците на една студија, во која
    учествувале 57.000 испитаници, луѓето кои пиеле исто количество пиво,
    само рамномерно распоредено во текот на неделата, биле помалку
    наклонети кон создавање на „пивски“ стомак.
  • Најважните
    „пиварски“ земји се Чешка, Германија и Белгија. Пивото е, велат,
    најпродаван алкохолен пијалак на светот - околу 1.500 милиони
    хектолитри годишно.
  • Европа и Америка, иако претставуваат само
    една четвртина од светската популација, консумираат две третини од
    светското производство на пиво, со просечна потрошувачка по глава на
    жител од 64 односно 55 литри годишно
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Пиво и се за пивото Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Пиво и се за пивото Xnxloxjpg

Пиво и се за пивото Empty
ПишувањеПредмет: Пиво и се за пивото   Пиво и се за пивото EmptyПон 17 Aвг 2009, 16:13

Најдобро да си има ваква тема :)

Пиво и се за пивото Pivo1
Пивото
е потполно природен и биолошки урамнотежен производ, кој се смета за
течна храна. Пивото, заедно со виното, се вбројува во слабите алкохолни
пијалоци
кои се недестилирани ферментирани пијалоци. Се добива со
алкохолно вриење на слад (најчесто јачменов), хмељ, вода и пивски
квасец. Пивскиот слад е основниот екстракт во пивото кој му го дава
главниот вкус, пивскиот квасец го предизвикува алкохолното вриење при
кое шеќерот се разложува на алкохол и јаглерод диоксид, а хмељот му го
дава горчливиот вкус и карактеристичниот мирис. Основните состојки на
пивото се вода (92%), етил акохол, јаглерод диоксид и непровриениот дел
од сладот. Јаглеродниот диоксид му ја дава свежината на пивото и
значајно влијае на пенливоста на виното. Густината на пената зависи од
составот на пивото, па обично пивото со повеќе слад има појака пена.
Пивото е храна.
Како и секоја храна и поради тоа е подложно на расипување како резултат
на дејството на бактерии, светлина и воздух.
Во 1 литар
пиво има околу 430 калории. Пивото, се разбира ако се конзумира во
умерени количини, е полезно за здравјето поради високата содржина на
фолна киселина и Б витамини.
На вкусот на пивото влијае и
обликот и големината на чашата во која се пие и дефинитивно
температурата на која се служи. Во зависност од врстата и состојките на
пивото може да се одредат температурите на кои пивото има најдобар
вкус. Генерално, што е пивото постудено, помала е количината на
јаглерод диоксид, па со самото тоа и помалку изразен вкусот и мирисот
на пивото.

Затоа Ники е полошо да видиш девојка со жесток пијалок во рацете одошто со пиво pivo
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
 
Пиво и се за пивото
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Кулинарско катче-
Отиди до: