ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Афти, воспаленија на устата и сл.

Go down 
АвторПорака
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 28
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
:

ПишувањеПредмет: Re: Афти, воспаленија на устата и сл.   Пет 28 Aвг 2009, 00:37

Кој си ги има со здравје да си ги носи.
Една ке пројде друга ќе дојде.
Иљач НЕМА!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Re: Афти, воспаленија на устата и сл.   Чет 20 Aвг 2009, 21:44

Мене ми се појавуваат афти и тоа доста често.
И јас сум слушнала дека со или без терапија во устата остануваат недела дена.
Со терапија веројатно можеш да си ја намалиш само болката. Незнам

Јас чекам да поминат сами од себе, а дека БОЛИ УЖАСНО БОЛИ.

Еве што најдов на нет. А ако некој знае да ти даде било каков совет од лично искуство уште поубаво.

За афти - плакнење со камилица


Секој шести човек барем еднаш во животот имал афти, а кај многу луѓе афтите
се јавуваат многу често. Тие имаат тркалезен облик, се јавуваат на
внатрешната страна на образите, на усните или на врвот од јазикот.

Прво се јавуваат мали црвени меурчиња, кои набрзо се претвораат во болна
раничка со белузлава боја на слузокожата. Кај некои луѓе афтите се
јавуваат еднаш до двапати годишно, но секогаш минуваат без последици.

По правило, поднесуваме печење во устата и чекаме пречките да поминат без
да пиеме лекови. Во меѓувреме, внимаваме на исхраната и внимателно ги
миеме забите за да не ја допреме болната слузокожа.

Но, од лицата на кои афтите им се јавуваат неколку пати годишно, секогаш можеме
да добиеме многу совети за “чудотворни# производи што брзо ги лекуваат
афтите и засекогаш го спречуваат нивното повторно јавување. Но, не
постои лек со кој може успешно да се излекува секој вид афти.
Зошто
воопшто се јавуваат афтите?

Како што е случајот и со бројните кожни болести, повеќе фактори, одделно или здружено, го предизвикуваат појавувањето на афтите.

Најчесто како главна причина се наведува уморот. Стресот или хормоналните
промени (во времето на пубертетот и бременоста) ја зглемуваат
веројатноста за појавување афти.

Причинител може да биде и вирус, на пример херпес или некој друг микроорганизам, детски или кожни болести или, пак, алергиски реакции на одделни лекови.

Најбрзо лекување се постигнува со алкални производи (кои ја неутрализираат
киселината). Тие нема да и наштетат на слузокожата на усната празнина,
а афтите ќе исчезнат за помалку од една недела.

Всушност, тоа е и времето во кое афтите спонтано минуваат. Треба ли воопшто да се земаат лекови?

Треба да се пијат лекови бидејќи тие го поттикнуваат брзото заздравување на слузокожата.

Освен тоа, иако сите не веруваат во ефектот на лековите, многу луѓе што
користеле лекови велат дека афтите исчезнале за два или три дена.

Но, може ли да се избегнат афтите на некој начин?

Појавувањето на афтите тешко може да се предвиди, а уште потешко да се спречи, велат експертите.

Постојат малку превентивни постапки, особено ако е причинителот вирус или некој
друг микроорганизам. Сепак, познато е дека некои продукти го
поттикнуваат создавањето афти -ореви, лешници, мувлосано сирење,
јагоди, ананас, чоколада, зелка.

Потребно е правилно одржување на хигиената на устата (миење на забите по секој оброк), особено ако се земе предвид дека не сме секогаш во можност да ја избираме храната што
ја јадеме.

Во аптеките можат да се набават и посебни пасти за заби. Тие пасти не ги спречуваат и не ги лекуваат афтите, но го поттикнуваат заздравувањето на слузокожата. Можат да се користат
секојдневно или наизменично со вообичаената паста за заби. Освен тоа,
додатоците што ги користат некои олигоелементи, особено бакар, злато и
сребро, можат да му помогнат на чувствителното месо на забите.

Локално лекување - изборот на лекот зависи од местото на кое се појавиле
афтите. Кога афтите во устата се на достапно место, се користи гел или
лосион. Гелот се нанесува со чисти раце, а лосионот со помош на
стерилна компреса или чепкалка намотана со стерилна вата. Но треба да
се внимава влакната од ватата да не се залепат за слузокожата.
Таблетите за смукање се препорачуваат кога ќе се појават повеќе афти и
кога ќе избијат во подлабоките делови на усната празнина. Содржат
активни материи кои ја јакнат локалната отпорност на слузокожата.
Најдобро е да се стават во уста, на афтата, и полека да се смукаат с¢
додека не се стопат. Но, без разлика за кој лек ќе се одлучите, ако по
една недела не забележите подобрување, треба да се обратите на
стоматолог.

Особено корисно е плакнењето на устата со камилица.
Во аптеките постојат капсули со лековити билни состојки, кои бавно се
топат во устата и се замена за плакнење со чаеви. Во некои случаи
помага плакнењето на устата со сода бикарбона. Таа има алкален состав и
се користи според познатиот рецепт - 2 лажици сода бикарбона треба да
се растворат во чаша вода и четирипати дневно да се плакне устата.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Афти, воспаленија на устата и сл.   Чет 20 Aвг 2009, 21:32

°•MoonLight•° напиша:


Слушнав поминувале од Nistatin

Само тоа е за бебиња kez незнам дали е и за возрасни neznam
За она белото што им се појавува на јазичињата, дури мислам дека е габично тоа, па незнам колку има врска со афтите ама во секој случај ако има некој некој совет нека пише..

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Афти, воспаленија на устата и сл.   Чет 20 Aвг 2009, 21:20

Дали имате проблеми со афти во устата? blink
Јас имам секогаш кога ќе ми опадне имунитетот а сум приметила дека и од витамн Ц ми излегуваат.
Пробувам да ги средам со метиленско плаво или сода бикарбона но залудно, Сакам да пробам со стипса ама не сум сигурна ни дека стипсата се продава во аптеки... Барем не сум прашала дали воопшто ја продаваат neznam

Ништо живо не помага.
Дознав дека афтите со или без терапија траат недела дена waa
Ама луѓе бре ужасно болат cry

Еве сега имам афта и тоа на колку незгодно место, таман да неможам да јадам, па дури неможам ни да зборам affraid

Ај ако има некој ваков проблем нека се јави и нека ми помогне.
Што е чарето за афтите?

Слушнав поминувале од Nistatin или проафтол ама што е најдобро?
Само да не ги трпам по недела дена зошто неподносливи се бреееееееее ting ting

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Афти, воспаленија на устата и сл.   

Вратете се на почетокот Go down
 
Афти, воспаленија на устата и сл.
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје-
Отиди до: