Најновиот производ кој Coca-Cola
пробува да го лансира на пазарот е газирано млеко, мешавина на одбрано
млеко и газирана вода со додаток на овошје.
Новиот пијалок со назив "Vio", почна пробно да се продава во Њујорк по цена од 1,50 долари.
Од успехот во “Големото Јаболко” зависи и неговото пласирање на европскиот, па и светски пазар.
Газираното
млеко, кое содржи само 120 калории се произведува во четири вкусови:
манго-праска, шумско овошје, тропско овошје и лимон.
Новиот
производ на мултинационалната компанија од Атланта е дел од проектот
"Pro Life" кој се бави со развој на производи на база на млеко.