ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Интересни податоци за мажите

Go down 
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Re: Интересни податоци за мажите   Нед 23 Aвг 2009, 00:00

10 факти кои посакуваат да ги знаеме за нив





Кога станува збор за мажите, дефинитивно жените за многу работи
имаат погрешна перцепција. Си имаат создадено слика за нив и заклучок
кој се пренесува низ генерациите- СИТЕ МАЖИ СЕ ИСТИ.



1. Исклучиво му е тешко на маж да и пријде на девојка во бар.
Опкружена со пријателките, пијалакот во рака, внесена во забавата,
едноставно ги тера да мислат дека нема место за нив во таа слика. Од
друг страна уверени се дека нема да добијат ништо, бидејќи жените се
задоволуваат само со фактот дека некому се допаднале таа вечер.


2. Не сакаат да даваат комплименти за тоа колку девојката е слаба.
Едноставно за нив тоа не е комплимент. Перцепцијата на маж за убава
жена не е изглед на коски и кожа. Вреди да се коментира кога веќе има
што да се види на женското тело.


3. Без разлика колку се надарени онаму доле, мажите често се
прашуваат дали е тоа доволно за вас. Затоа повремено сакаат да слушнат
добар збор за нивните сексуални и природни квалитети.


4. Навистина се мажи, но не значи дека се робови и дека се може да
поднесат. Немаат по сто раце и нозе. Да возат, да носат кеси, да
креваат, можете некогаш и вие да се најдете за нешто полесно.


5. Колку и да сакаат да се прават храбри пред другите, има моменти
кога сакаат да си кукаат. Мажите секогаш ќе си останат мамини синчиња
кога се болни или гладни. Очајни се за вашето внимание во тие ситуации.


6. Нема ништо поубаво за нив од валканите и секси пораки.


7. Не постои поголем страв за мажите од женскиот гнев.


8. Нешто што најмногу го нервира маж е кога ќе му речете - Не знам.
Тебе што ти се прави? Генерално мажите се тие што почесто организираат
средби. Олеснете му некогаш и вие предложете некое место ,и така пак
тој ќе биде тој што ќе ве земе и врати до пред праг.


9. Нема ништо посекси за нив од жена во топ маичка, тесни фармерки и
високи штикли. Уште под тоа да носите црн градник, дефинитивно си ја
барате бељата.


10. На средбите со другарите не се случува ништо посебно, како што
вие сакате да мислите. Собрани пијат пиво, се ругаат еден со друг и се
смеат како ништо да не било.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Re: Интересни податоци за мажите   Саб 22 Aвг 2009, 23:55




Ако добро размислите, сигурно ќе се сетите, но ние сме тука за да ви
укажеме. Се чувствувате запоставено, сакате да го освоите, сакате да се
ослободите од него, сакате да проверите колку е заинтересиран за вас...
во сите овие случаи добро ќе ви дојдат нашите техники.


Секси изглед. Оставете ги фармерките малку да
одморат, облечете потесен фустан со деколте. Ако е навикнат да ве гледа
во секојдневни комбинации, ова ќе биде големо освежување за него. Ќе го
потсетите за вашите квалитети и сексапилот што го поседувате.


Флертувајте со останатите. Ова е одличен совет ако
сте во фаза на негово освојување. Не мора да почнувате разговор со
другите мажи околу вас, доволно е со изгледот и погледите да привлечете
внимание. Имајте став како целиот свет да ви се потчинил. Вниманието
што ќе го наметнете на себе ќе ја забрза неговата нерешителност. Повеќе
нема да стои и да ве гледа од страна.


Бидете секогаш зафатена. Правете ги своите омилени
работи, забавувајте се, покажете дека немате време за него. Ова ќе го
излуди и ќе го натера постојано да мисли на вас и да се прашува што
правите. Оваа техника најмногу може да ви помогне ако сакате да го
направите љубоморнo момчето што ве оставило. Вие сте продолжиле со
главата крената горе, а тој продолжил со каење.


Најдете си машки пријател. Овде не мислиме на оние
што веќе ги имате, туку на некој што случајно се појавил во вашиот
живот. Одеднаш вие постојано сте заедно, може да ве видат и сами,
постојано весели и насмеани. Несигурно изјавувајте дека сте само
пријатели. Ретко кој ќе ви поверува.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Интересни податоци за мажите   Саб 22 Aвг 2009, 23:51


Некоја мала лага е добредојдена, но само ако е наменета за добро
дело. Дали за да ве расположат, да ве усреќат, да ве освојат, да ве
искористат, без разлика, фактот останува - МАЖИТЕ СИ ЛАЖАТ!

Зошто лажат за изгледот?
Некој кој не се разбира во
мода и кој не е опседнат со тоа како изгледа, а уште помалку како
изгледа неговата девојка, со мижење ќе ви каже што поубаво ви стои. Вие
го прашувате што поубаво ви стои, а тој без да го тргне погледот од
телевизорот ќе ви одговори. Затоа за такви совети си ги имате
пријателките.

Зошто се преправаат дека им е забавно, кога не им е?
Од љубовта и почита спрема вас, подготвени се да издржат неколку часа
во женско друштво. Вие зборувате за диети, шминка, облека, тој се
смешка до вас, а паметот му лета. Затоа не чудете се кога на моменти е
заборавен и не се сеќава кога ќе му спомнете нешто од средбата.

Што е толку страшно да кажат дека биле пијани, кога секому му се случува?
Да се најдете во друштво на машки што пијат, единствено нешто што ќе
слушате е кој повеќе испил, кој најмногу издржува, кој се лигави со
една чаша цела вечер... Прво за него понижување е да каже дека се
опијанил како средношколец, а второ сака да се поштеди од испрашувањата
дали се додворувал некому и какви глупости правел.

Зошто лажат за брачниот статус кога и онака на крајот сé се дознава?
Сé почесто се случува кај нас да ви пријде момче на ваша возраст,
опкружен со другари, не носи бурма на раката, згоден е... но дома го
чека дете и жена. Навистина, ако не ви каже лично тој или некој од
околината, можете да наседнете бидејќи нема како да забележите дека е
во брак.

Зошто секогаш сакаат да бидат херои како Том Круз во „Невозможна мисија"? Паднал
од мотор, ниту се повредил ниту настанала некаква штета, но драма мора
да има. Па почнува да раскажува како животот му бил во опасност, како
моторот се вртел стопати, автомобилите едвај прикочиле, тој рипнал, на
улицата останале црни траги... прав акциски филм само за вас.
Мора ли секогаш да ги потценуваат сопствените другари?
Особено ако во друштвото дојде нова девојка, тоа е исто како да сте
фрлиле месо на глутница гладни волци. Ќе се изедат меѓу себе кој да
дојде до вас. Ќе почнат да се расфрлаат со своите интерни шеги. Нема
тука размислување дека вас ве познаваат две минути а, другарот целиот
живот. Ако треба, ќе паднат и тешки навреди, важно е вие да бидете
насмеана.

Вас ве викаат спонзоруши, а тие лажат за парите.
Имал трошна куќа во некое село, ќе се пофали дека има викендичка со
базен. За да ве импресионира, ќе почне да вади кеш од паричникот и да
чести сé околу себе. Автомобилот не го вади од уста, со мојот автомобил
кога бевме на одмор, јас со мојот автомобил кога бев на море, јас кога
ќе го удрев автомобилот... Кој им е виновен кога самите сакаат да нé
освојат со пари.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Интересни податоци за мажите   

Вратете се на почетокот Go down
 
Интересни податоци за мажите
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЗАБАВА :: Муабети без врска :: Само за жени-
Отиди до: