ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Се за КЛАМИДИЈА

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Се за КЛАМИДИЈА   Чет 27 Aвг 2009, 20:41




1. Што е кламидија/ начин на пренос?

- Тоа е една од најчестите ППИ предизвикана од бактеријата Chlamydia Trachomatis.
- Бактеријата може да се пренесе од една на друга особа преку сексуанни односи или преку орално-генитален контакт.
- Може да се пренесе и преку очи: доколку личноста дојде во контакт со
телесните течности кои ја содржат бактеријата, а потоа се допре за
своите или неговите очи, на тој начин може да се пренесе инфекцијата.
- Кламидијата исто така може да се пренесе од бремена жена на своето бебе за време на раѓањето.
- Не се пренесува преку пешкири, кваки на врати, или од тоалетни нужници.

2. Какви симптоми дава инфекција со Кламидија?

Кај жени:

- Најчесто повеќето девојки немаат никакви симптоми, тоа значи дека особата може да е инфицирана, а притоа да не знае за тоа.
- Кламидијата најпрво го напаѓа грлото на матката-цервиксот, како и
уретрата( каналот за мокрење). Кај некои инфицирани жени може да се
појават следниве симптоми:
- променет вагинален исцедок,
- чувство на печење при мокрење.

- Кога инфекцијата ќе се прошири од грлото на матката на
фалопиевите туби, кај некои жени нема да се појават никакви симптоми,
додека кај оние кај кои ќе се појават се јавуваат следниве:

- болка во долниот дел на стомакот или слабината,
- гадење,
- покачена температура,
- болка за време на сексуалниот однос,
- крварење помеѓу менструаниот циклус.

- Инфицирана бремена жена со вагинална кламидија ќе ја пренесе
инфекцијата на своето бебе за бреме на раѓањето, кое кај новороденчето
во 50% предизвикува коњуктивитис, а во 20% пневмонија.

Кај мажи:
Најчесто и кај мажите не дава никакви симптоми. Кај некои мажи може да се појави:
- исцедок од врвот на пенисот,
- чешање или чувство на горење околу пенисот,
- поретко и оток на тестисите.

Кламидијата може да доведе до појава на проктитис (инфекција на
слузницата која ја обложува слузницата на ректумот), при практикување
на анален секс.

Кламидијата исто така е најдена и во грлото кај мажи и жени кои имале орален секс со инфициран машки партнер.

Доколку се појават симптоми, тие обично се јавуваат 1 до 3 недели по контактот.

3. Како се дијагностицира кламидијата?


Постојат неколку типа на лабораториски теста за дијагностицирање на кламидијата. И тоа:
о Земање на брис од инфицираното место ( цервикс или пенис ), со што директно се докажува кламидијата.
о Друг тест е преку примерок од урина,
о Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата).

4. Како се лекува инфекцијата со кламидијата?


- Кламидијата се лекува со антибиотици 1 до 2 недели.
-
Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат
никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција.
- Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом.

5.Какви компликации може да настанат доколку не се лекува кламидијата?

Доколку не се лекува кај мажи
- типично предизвикува уретрална инфекција,
- која може да се прошири и да предизвика епидидимит (цефче кое служи да ја прене спермата од тестисите)
- покачена температура, болак
- СТЕРИЛИТЕТ
Кај жени
- најчесто ги напаѓа клетките на цервиксот,
- не лекувана може да се прошири на матката или на фалопиевите туби (канали кои ја пренесуваат јајце клетката) и
- предизвикува инфекција наречена пелвична воспалителна болест.
Ова се случува кај кај 40% од жените кои не се лекувале.

Пелвичната воспалителна болест може да доведе до:
- оштетување на фалопиевите туби,
- утерусот,
- како и ткивото кое ги опкружува јајчниците Оштетувањето доведува до:
- хронична пелвична болка,
- инфертилитет, како и
- ектопична бременост(бременост надвор од матката).

Кај бремени жени, постојат докази дека кламидијата може да доведе
до прерано породување. Бремените инфицирани жени со кламидијата за
време на пораѓајот ќе ја пренесат инфекцијата на новороденчето
предизвикувајќи пневмонија и коњуктивитис.

6. Како да се превенира инфекција со кламидија?

Апстиненцијата е најефикасен начин на заштита.
Сексуално активните лица треба да почитуваат одредени правила за да се заштитат и тоа:
- Употреба на кондом при секој сексуален однос;
- Намалување на бројот на сексуалните партнери;
- Скрининг тест.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Се за КЛАМИДИЈА   Вто 25 Aвг 2009, 16:25


Кламидијата (Chlamydia trachomatis) е бактерија која може да
предизвика повеќе болести кај човекот. Најчесто предизвикува воспаление
на половите органи, и кај двата пола, која се пренесува преку
сексуалната активност. Кламидијата докажано е една од најчестите сексуално преносливи болести

Бројот на сексуално преносливите болести се зголемува секојдневно.
Затоа морате да водите сметка за вашиот полн орган. Ако забележите дека
нешто не е во ред, не чекајте веднаш обратете се кај гинеколог. Но, не
секогаш треба да барате симптоми. Еднаш во годината задолжително треба
да одите на рутински преглед
Пренесување...
Кламидијата се пренесува преку вагинален, анален и орален сексуален
однос. Може да се пренесе и од мајка на дете за време на бременоста.
Лошата вест е тоа што симптомите не се забележуваат. Околу 75 % од
заболените не се свесни дека се инфицирани. Опасностите од оваа
бактерија се загрижувачки. Ако не се лекува на време, покрај воспаление
на уринарниот тракт и јајниците, може да предизвика стерилитет,
вонматерична бременост и воспаление на карлицата.
Симптоми...
Симптомите се појавуваат во 2 до 6 недела од инфекцијата. Но, многу
често и не се манифестираат. Штом почувствувате пецкање во текот на
уринирањето, болка и крварење за време на сексуалниот однос, крварење
помеѓу две менструации, болки во абдоменот, веднаш помислете дека
причина за тоа може да биде кламидијата.
Откривање...
Откривањето на кламидијата е многу едноставно. Се покажува на папа
тест или преку микробилошко испитување на мокрача. Бидејќи спаѓа во
групата на сексуално преносливи болести, неопходно е да се лекуваат и
двајцата партнери.
Лекување...
Лекувањето се одвива преку специјални антибиотици. За време на
терапијата не се препорачува секс за да не се повтори болеста или да се
инфицира некој друг. По завршувањето на лекувањето задолжително се
препорачува контрола и кај двајцата партнери. Најголема заштита ќе
постигнете преку употреба на кондом.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Се за КЛАМИДИЈА
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: