ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Се за СИДАТА

Go down 
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Се за СИДАТА   Вто 25 Aвг 2009, 16:54

СИДА

Општи информации -
СИДА-та е болест предизвикана од вирусот ХИВ кој го уништува
одбранбениот систем на организмот и го прави неспособен да се бори
против обични банални инфекции. Луѓе со ХИВ може да изгледаат и да се
чувствуват совршено добро многу години по заразувањето. Голем број од
нив не знаат дека се заразени и дека при ризично однесување можат да ја
пренесат заразата на други. Во просек 50% од заразените за период од 10
години ќе развијат болест-СИДА која се манифестира со различни форми на
рак, сериозни инфекции на белите дробови, дигестивниот систем,
централниот нервен систем, кожата и др.


Начини на пренесување - засега познатите начини на пренесување на ХИВ инфекцијата се:

  • сексуален пат (анален, вагинален)
  • со заедничка употреба на игли и шприцеви
  • од мајка на нејзиното дете

ХИВ не се пренесува преку секојдневните социјални контакти.

Причинител
- е вирус наречен ХИВ. Него го има во сите телесни секрети и екскрети
на заразеното лице. Во доволна концентрација за пренесување го има во
крвта, семената течност, вагината и цервикалниот секрет. Вирусот е
присутен и во плунката и во солзите но не во доволна концентрација за
пренесување.


Лекување
- засега постојат лекови кои го ублажуваат и забавуваат текот на
болеста но се уште не постои лек или вакцина за целосно излекување од
оваа болест.


Превенција -
практикување на безбеден секс со правилна употреба на кондоми го
минимизира ризикот од ХИВ инфекција преку сексуален однос. Не секој
сексуален однос е со подеднаков ризик за ХИВ инфекција:


  • Аналниот секс се смета за високо ризичен;
  • Вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течностили гениталниот флуид;
  • Оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот флуид или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.

За намалување на
ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли
и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е
нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која
поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши,
тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Се за СИДАТА
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: