Во оваа тема напишете ги сите интересни податоци кои сте ги прочитале а се поврзани со мачките како на пр. оваа
Мачките манипулираат со своите газди Карен МакКомб, специјалист за “говорот“ на животните, тврди дека мачките знаат да ги контролираат луѓето.
Тие можат со предење на одредена фреквенција, која за луѓето е вознемирувачка, да ги натераат своите газди да им дадат јадење.
Иако доктор МакКомб истражувањето го направила врз само 10 мачки, таа
открива дека тие можат да ја погодат фреквенцијата што многу наликува
на плач на дете, и со предење на таа фреквенција да ги натераат
сопствениците да ги нахранат.
“Уфрлање на плач во звукот на предењето, кое вообичаено го поврзуваме
со задоволство, е суптилен начин за предизвикување реакција, а
“досадното“ предење за луѓето веројатно е поприфатливо отколку
непрекинатото мјаукање“.
МакКомб открива дека смислата за манипулирање на луѓето е поизразен кај
мачките кои живеат во домаќинства со еден човек, отколку во оние со
повеќе членови на семејството.