ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Непријатен здив

Go down 
АвторПорака
Nikolaj
Тормозохолик
Тормозохолик


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591
Години : 33
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4

Мојот миленик : Маче
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Чет 03 Сеп 2009, 13:44

...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GoldenBoy
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089
Години : 33
Локација : Скопје-Карпош1
Занимање : Студент
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17

:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Чет 03 Сеп 2009, 11:38

Во право е Николај, миење заби пред искачање. Евентуално ако некогаш лапнете нешто благичко или нешто друго додека сте излезени, корисно би било да се има по некоја освежителна мастика.

_________________

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikolaj
Тормозохолик
Тормозохолик


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591
Години : 33
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4

Мојот миленик : Маче
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 21:46

...


Последната промена е направена од Nikolaj на Саб 24 Окт 2009, 16:00. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 31
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 20:37

Ве мачи непријатниот здив?!



Миењето заби двапати дневно со антибактериска паста и користење на
четка која има вграден дел за „стружење“ на јазикот е доволно да се
елиминира хронично непријатниот здив, покажа последното истражување.

Лошиот здив или халитозата честопати е предизвикан од разложување на
бактериите во устата. При разложувањето се ослободуваат соединенија на
сулфур кои имаат непријатен мирис. Се проценува дека 25 отсто од
возрасните лица се чувствуваат непријатно поради хроничниот лош здив од
устата, а кај постарите лица тој процент е двојно поголем.



За време на студијата, која траела 28 дена и опфатила 14 лица со
хронично непријатен здив, студентите од школото за Дентална медицина
Bafalo при Њујоршкиот универзитет заклучиле дека миењето заби двапати
дневно со паста која содржи триклосан (triclosan) и „стружење “ на
јазикот го елиминираат овој проблем.

Триклосанот е антибактериски агент кој се користи во лековите против акни, во
сапуните за раце, детергентите и дезодорансите, но и во некои од
пастите за заби.



На почетокот на студијата, истражувачите го мереле нивото на
бактерии во устата, кои го предизвикуваат непријатниот здив и ги
анализирале „струготините“ од јазикот за 20 видови бактерии, кои се
познати дека предизвикуваат непријатен здив.


Истражувачите тврдат дека испитаниците успеале да ја елиминираат халитозата со
користење паста со триклосан и четка за чистење јазик.

Стравот од халитоза, или халитофобија, понекогаш е толкав што околу 25 отсто од
луѓето тврдат дека имаат халитоза, а всушност немаат.

Истражувачите предупредија дека халитозата е поврзана со опсесивно компулсивното
пореметување, а во одредени случаи може да резултира со самоубиство. Од
овие причини експертите велат дека оваа состојба мора да се лекува.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tormozenje.macedonianforum.net
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 11:22

Фала Николај за Rolling Eyes Rolling Eyes
Инаку нема ништо страшно во непријатниот здив, ако не константно сите барем по некогаш сме го имале.
Не би било лошо да си изнајдеме начин како да се ослободиме од него.
Интернетот е моќна работа, со малку паметно корситење ќе дојдеме до мнооооогу корисни информации je je
а верувајте на некои од нас можеби ќе им бидат и од помош Bravo
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikolaj
Тормозохолик
Тормозохолик


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591
Години : 33
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4

Мојот миленик : Маче
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 02:20

...


Последната промена е направена од Nikolaj на Саб 24 Окт 2009, 16:01. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Шеќерче
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949
ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :)
Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT
Години : 28
Локација : Домче
Занимање : Студент
Се чувствувам : CooL
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23

Мојот миленик : Маче
Се вика : Туфка
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 01:12

Јас имам слушнато за еден начин како да откриете како ви мириса здивот.
На почетокот од дланката треба да лижнете и да чекате тоа да се исуши, потоа мириснете и баш така ви мириса здивот.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 00:06

Непријатна миризба од устата

Непријатниот здив од устата, познат како халитозис, веќе не е нерешлив
проблем, иако може да предизвика сериозни социјални и психолошки
бариери кај луѓето. Во зависност од причината, човекот може да има
непријатен здив од устата периодично или хронично.



Причини за поjава на лош здив
Во најголем број случаи причините за лошиот здив се во устата, односно
во дисбалансот меѓу два типа бактерии што живеат во неа. Тоа се
сапрофитни бактерии - аеробни и анаеробни, кои се дел од нормалната
микрофлора на устата. Ако се наруши природната рамнотежа во устата,
анаеробните бактерии ќе ги надвладеат аеробните. Последица на тоа е
создавање поголеми количества од нивните разградни продукти (трулежни
материи), односно испарливи сулфурни соединенија. Токму овие
соединенија се одговорни за непријатната миризба од устата. Во задниот
дел на јазикот постојат идеални услови за развој на овие бактерии,
бидејќи во длабоките крипти на јазичната слузокожа владеат анаеробни
услови - постојано има остатоци од храна и бактериски плак и се
создаваат трулежни сулфурни соединенија. Овие процеси се случуваат и
при недоволна или слаба хигиена на забите, така што и забите може да
бидат извор на лош здив. Ако миењето на забите е нередовно и
неправилно, остатоците од храна заостануваат во устата и се распаѓаат
(трулат) под дејството на бактериите. Локалните инфекции во устата,
периодонталната болест и постоењето на џебови во непцата, исто така
може да бидат причина за лош здив. Инфекции, особено на крајниците,
синусите и белите дробови. Системски болести - дијабетес, заболувања на
црниот дроб, бубрезите, метаболни нарушувања, желудочен рефлукс и
други, може да бидат причина за непријатен здив. Но устата непријатно
мириса и од јадење лук и кромид, пиење алкохол и кафе од пушење цигари.
Сувата уста претставува одлична подлога за развој на бактериите. Сите
околности што ја сушат устата и го редуцираат лачењето на плунка
доведуваат до појава на лош здив. Сува уста (ксеростомија) - може да
биде предизвикана од долготрајно зборување (кај одредени професии),
физичко вежбање (тренинзи), диета - гладување. Во екстремно мал процент
од случаите лошата миризба доаѓа од стомакот. Тој речиси секогаш
потекнува од устата. Фундаментална причина за лошиот здив кај повеќето
луѓе, е белузлавиот слој што ја обложува како покривач површината на
задната третина од јазикот. Кај најголем дел од популацијата лошиот
здив е последица на бактериите што се населени и живеат во овој
обложувачки покровен слој.



Откријте дали имате лош здив

Несомнено, секој од нас има лош здив, се додека, несвесни за таквата
состојба, еднаш не се засрамиме од реакцијата на луѓето околу нас. За
жал, ние не сме свесни за мирисот од устата, бидејќи сетилото за мирис
во носот се адаптира на нашите сопствени мириси и не може да ги
регистрира - не можеме да ги почувствуваме. Причината за ова лежи во
фактот што оралната празнина анатомски е поврзана со носот за отворена
комуникација, која лежи во задниот дел од усната празнина, во регијата
на мекото непце. Бидејќи носот настојува да го филтрира и да го
игнорира непријатниот мирис од заднината на устата, исто така настојува
да го филтрира и лошиот здив. Ова значи дека многу е веројатно некој да
има лош здив а да не е свесен за тоа. Луѓето можат да го почувствуваат
сопствениот лош мирис од устата.

Секој човек тешко може да го открие лошиот мирис, кој се создава во
задниот дел на устата и се шири надвор со воздухот, кој експлозивно се
исфрла при зборувањето. Тоа може или да ни го каже некој друг или може
да го избришеме јазикот со парче газа и да ја помирисаме газата.
Сигурна потврда за лошиот мирис од устата може да се направи со
апаратот наречен Халиметар. Халиметарот го одредува количеството
испарливи сулфурни соединенија во плунката, кои го даваат лошиот мирис.




Мерки за елиминирање на непријатниот мирис

Плунката - природно плакнење на устата

Сувата уста е одлична подлога за развој на бактерии. Плунката ја
одржува слузницата влажна, ги плакне бактериите, има бактерицидно
дејство и ги растворува сулфурните соединенија. Преку ноќ, при спиење,
продукцијата на плунка е редуцирана и затоа наутро устата непријатно
мириса. Пиење вода во доволни количества, лимунов сок или гуми за
џвакање без шеќер го стимулираат лачењето плунка и може да бидат
ефикасни во елиминирање на хроничниот лош здив.

Соодветна орална хигиена

Четкањето на забите и употребата на забен конец се круцијални елементи
во борбата со лошиот здив. На овој начин се отстрануваат бактериите што
создаваат сулфурни соединенија. За жал, многу луѓе не ги мијат забите
како што би требало. Четкањето на забите треба да трае најмалку три
минити. Мноштвото луѓе ги четкаат забите околу 30 сек. Затоа секогаш
остануваат неисчистени површини каде што се развиваат бактерии.

Но, дури и при соодветно чистење на забите може да постои лош мирис од
устата. Тогаш проблемот е во бактериите што се развиваат во длабоките
крипти на слузокожата на јазикот. Овде може да помогне т.н. чистач за
јазик, кој ги отстранува наслагите од површината на јазикот.

Чистење на јазикот

Денес постојат комерцијални т.н. чистачи за јазик, со кои упешно се
отстрануваат наслагите од јазикот, посебно од задниот дел на јазикот,
каде што се задржува храна и живеат анаеробни бактерии.

Пијте големи количества вода
Со пиењето вода се стимулира лачењето на плунка, се плакнат остатоците
од храна и се влажи слузницата, а тоа неповолно влијае на развојот на
бактерии во устата.

Употреба на раствори за плакнење

Конвенционалните ра-ри за испирање само моментално го маскираат лошиот
здив. Уште повеќе, тие можат да ја влошат ситуацијата ако се користат
пречесто, бидејќи содржат голем процент на алкохол па доведуваат до
сушење на слузницата на устата.

Треба да се користат новите средства за испирање, кои се на база на
хлорен диоксид и делуваат хемиски на испарливите сулфурни соединеија.

Редовна стоматолошка контрола

Стоматологот ќе утврди дали постојат заболувања, како на пр. абсцеси,
периодонтални болести, импактирани заби и сл., кои можат да бидат
причина за лош здив и ќе преземе соодветно лекување.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Непријатен здив   Вто 01 Сеп 2009, 00:05

Имате ли проблеми со непријатниот здив и како се справувате со тоа?
Немора да имате расипани заби, едноставно непријатната миризба може да дојде од желудникот, стомакот, јазикот или пак од непцата.
Редовната хигиена не секогаш помага да го задржиме свежиот здив.
наутро сите имаат непријатен здив, мастиките и бомбоните се привремени средства за свеж здив.



ЧАЈ
Чајот, особено црниот чај е неверојатно корисен во борбата против
бактериите кои предизвикуваат плак. Чајот ги ограничува можностите на
ензимот кои го претвораат шеќерот во леплив слој и спречува собирање на
бактерии на забите. Чајот поради тоа помага во борба против кариесот и
парадентозата.

СУВО ГРОЗЈЕ

Иако грозјенцата се доста слатки и содржат шеќер, сепак фитохемикалиите
кои ги има во нив го спречуваат развојот на неколку видови бактерии
поврзани со кариесот и болестите на непцето. Олеинската киселина во
сувото грозје го спречува развојот на два вида бактерии и создавањето
на плак.

КОРА ОД МАГНОЛИЈА

Екстрактот од кора на магнолија додаден во пепеминт бонбоните или
гумите за џвакање може да ги уништат бактериите кои го предизвикуваат
лошиот здив. Иако повеќето бонбони од нане го прикриваат мирисот, оние
кои содржеле и кора од магнолија уништиле повеќе од 61% микроорганизми
во 30 минути. Ментол бонбоните уништиле само 3.6% од бактериите. Освен
тоа, овој екстракт ги уништува и бактериите кои предизвикуваат кариес.

ЦИМЕТ

Есенцијалното масло добиено од цимет е ефикасен уништувач на бактериите
во усната шуплина кои произведуваат хидроген сулфид (мирис на расипани
јајца). Тестовите покажале дека ако џвакате цимет ќе уништите 50% од
сите орални бактерии и 40% од оние кои предизвикуваат лош здив. Во иста
категорија е сместен и чајот со цимет.

ЈОГУРТ

Јогуртот без додаток на шеќер го спречува лошиот здив, расипувањето на
забите и болестите на забното месо. Волонтерите јаделе порција јогурт
секој ден во текот на 6 месеци, а мерењата покажале дека нивото на
хидроген сулфид, се намалило за 80%. Се намалило и нивото на плак и
појавата на гингвитис.

СИРЕЊЕ, МЛЕКО, ПИЛЕШКО МЕСО, ОРЕВЧИЊА

Сите
овие производи се богати со калциум и фосфор, кои пак се неопходни за
потхранувањето со минерали на забната глеѓ оштетена од киселини.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Непријатен здив   

Вратете се на почетокот Go down
 
Непријатен здив
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје-
Отиди до: