ТормозењеHomeБарајGalleryПрашања/ОдговориЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлезCalendar

Share | 
 

 Полицистични јајници

Go down 
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
avatar

Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 27
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака :
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
:

ПишувањеПредмет: Полицистични јајници   Пет 23 Окт 2009, 15:12


Полицистичните јајчници ги споменавме во делот за диетите. Ако добро
се сеќавате, кажавме дека жените што страдаат од овој синдром се изложени на дебелеење. За жал, тоа не е единствениот проблем кој може да се појави.
Полицистичните јајчници се лекуваат заради неплодност, но всушност
тие се болест на ендокриниот систем. Задолжителен е редовниот преглед и
лекување бидејќи постои ризик од појава на болести на срцето и крвните
садови, висок крвен притисок, дијабетес, маснотии во крвта, рак на
јајчниците...

Кои симптоми треба да ги побарате!
Симптом бр. 1 - нередовна менструација.
Менструацијата се јавува на растојание од 35 дена, некогаш може да
изостане и со месеци. Нередовните циклуси може да се појават уште од
пубертетот или по покачувањето на телесната тежина.

Симптом бр. 2 - зголемено ниво на машки хормони. Под нивно влијание жените се соочуваат со мрсна кожа, акни, влакнавост по лицето.

Симптом бр. 3 - зголемени јајчници со многубројни цисти. Цистите најчесто се утврдуваат на ултразвук - еве уште една причина за редовна посета на гинеколог.

Симптом бр. 4 -неплодност Поради отсуството на овулација, јајце-клетките не се во состојба да созреат и да се оплодат.

Симптом бр. 5 - прекумерна телесна тежина.
Организмот станува отпорен на инсулин со што се зголемува потребата од
јаглеродни хидрати. Отпорноста на инсулинот со текот на времето
пројавува прикриен дијабетес и висок крвен притисок.

Симптом бр. 6 - дамки по кожата. Се појавуваат темни дамки, најчесто на вратот, под мишките, на бедрата, под градите.

Како се одвива лекувањето?
Со оглед на тоа што синдромот предизвикува навистина голем број
компликации не постои некој конкретен зафат со кој би се окончале сите
одеднаш. За жал, жените што страдаат од полицистични јајчници се
соочуваат со големи маки.
Лекувањето се одвива одделно за секој симптом. Посебно се третира
неплодноста, зголемената телесна тежина, акните... Најважно од сé е да
се одржи нормален притисок, холестерол во крвта, нормалната функција на
срцето. Затоа е неопходно постојано следење на ситуацијата.

Што можете вие да сторите околу болеста?
Навистина има начин како да си ја подобрите ситуацијата во која се наоѓате. Водењето здрав живот е еден од условите.
Редовното вежбање го контролира дијабетесот бидејќи доаѓа до согорување на вишокот шеќер во крвта.
Намалувањето на телесната тежина ви ги зголемува шансите за
бременост и воспоставување контрола на акните. Од исклучителна важност
е да одбирате што ќе ставите в уста. Вам ви е забрането пиење, пушење,
јадење мрсна храна, слатки или пиење газирани сокови.

превземено од нот фор мен

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Полицистични јајници
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: