Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Рак на матка/дојка

Go down 
2 posters
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Рак на матка/дојка Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Рак на матка/дојка 1494dwwjpg

Рак на матка/дојка Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рак на матка/дојка   Рак на матка/дојка EmptyВто 25 Aвг 2009, 17:08

КАКО ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ СМЕ ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА?

Дијагностиката на една напредна фаза на рак не е тешка зошто тој има изразени симптоми.

Навременото дијагностицирање на ХПВ инфекцијата е многу важно за лекувањето, прогнозата и борбата со ова заболување.

Откривањето на предраковите состојби е најважно!!!

Најчесто применети методи за рана дијагноза се следните:

* Цитолошка дијагноза
– опишана како Papanicolaоu или познато како ПАП тест. Ова е едноставна
техника. Со оваа метода се открива променети или малигни клетки во
епителот на грлото на матката. Со помош на специјална памучна шпатула
се зема материјал од слузницата на грлото на матката. Добиените
препарати се фиксираат, се бојат и се надбљудуваат под микроскоп.
Резултатите се групираат во 5 ПАП групи (I-V).

Цитолошката дијагноза е стандардна метода за рано откривање на предраковите промени и на ракот на грлот на матката.
Тест треба да се прави секоја година кај сите жени по 21 год. или 3 години откако ке стане сексуално активна.

Тестот
се врши кај наполно здрави пациентки. Поради способноста да ги следи
промените пред да настане рак овој метод е доста ефикасен и ја намалува
смртноста откако е во примена од 1950 година. За само 20 години бројот
на смртните случаи на пример во САД се намалиле за 70% како резултат на
овој скрининг.
* Хистолошко испитување – се
смета за златен стандард за потврдување на дијагнозата за инфекција со
ХПВ. Со овој метод се испитува ткивото на грлото на матката за разлика
од ПАП тестот кадешто се земаат само клетки.
* Серолошки методи – се испитув крвниот серум на заболениот за антитела против вирусните антигени.
* Испитување на вирусна ДНК се прави со методата PCR (Полимераза верижна реакција).
Вратете се на почетокот Go down
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Рак на матка/дојка Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Рак на матка/дојка Xnxloxjpg

Рак на матка/дојка Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рак на матка/дојка   Рак на матка/дојка EmptyНед 09 Aвг 2009, 00:06

Рак на матка/дојка Mamogram


Ракот на дојка е еден од најчестите видови рак кај жените, кој
просечно напаѓа една од девет жени во некоја возраст од животот. Како и
кај останатите видови болести, клуч на успешното лекување е раната
дијагноза. Бидејќи причините и лекот за рак на дојка сé уште не се
познати, многу луѓе располагаат со нецелосни информации за болеста.

1.Симптоми - особено жените треба да внимаваат на:

Болка Исцедок од брадавицата Појава на јазли, тврда маса во дојките
Промена во изгледот на дојката, особено промени на брадавиците
Чувство на влечење на кожата на дојките
Промена на кожата на дојките, особено чувство на рапавост, како кора од портокал при допир на кожата на дојките

2.Начин на изведување самопреглед на дојките:

Застанете пред големо огледало за да можете да ги гледате двете дојки истовремено. Градите ги набљудувате во неколку позиции:

Најпрвин со рацете спуштени покрај телото
Потоа со дланките потпрени на колковите
Па со рацете кренати над глава
И на крај, со рамената зафрлени наназад

Откако ќе завршите со набљудувањето, легнете во кревет на грб и

ставете крпа за лице или помала перница под рамото на страната каде што
ќе палпирате. Палпацијата на дојките се прави со јаболкцата на показалецот, средниот и домалиот прст истовремено. При секој притисок користете кружни движења, но не претерувајте за да не си нанесете болка.
Неопходно е да ја испалпирате целата површина, значи просторот
ограничен горе со клучните коски, надворешно до задната граница на
пазувната вдлабнатина и кон долу до долната граница на дојките, па дури
по преминете на другата дојка.
Доколку напипате какво било тврдо месо или забележите некоја промена
која не постоела претходно, веднаш јавете се на преглед кај својот
лекар.

3.Време кога се изведува самопрегледот:
Самопрегледот се изведува од петтиот до десеттиот ден по почетокот
на менструацијата. Се изведува редовно секој месец и истиот трае околу
10 минути.

4.Препораки за рано откривање рак на дојка

Се препорачува изведување мамограм еднаш годишно, започнувајќи од 40-годишна возраст.
Клинички,
мануелен преглед на дојка треба да биде рутински изведуван, како дел од
редовните прегледи, секоја трета година кај жени на возраст од 20-30
години и еднаш годишно кај жени над 40 години.
Жените треба да се
запознаат со нормалните структури на дојките и за секоја промена веднаш
да го информираат својот лекар. Самопрегледот на дојката треба да го
изведуваат жени над 20-годишна возраст.
Жените со зголемен ризик
(на пример фамилијарна историја, постменопауза итн.) треба да се
консултираат со својот лекар за изведување мамографија порано,
изведување дополнителни тестови (ултразвук на дојки, магнетна резонанса
итн.) или изведување на испитувањата почесто.
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Рак на матка/дојка Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Рак на матка/дојка Xnxloxjpg

Рак на матка/дојка Empty
ПишувањеПредмет: Рак на матка/дојка   Рак на матка/дојка EmptyЧет 04 Сеп 2008, 16:56

Совети за превенција
прегледи и испитувања и различни дискусии околу оваа тема тука
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
Sponsored content





Рак на матка/дојка Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рак на матка/дојка   Рак на матка/дојка Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Рак на матка/дојка
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: