Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Контрацепција

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Контрацепција Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Контрацепција Xnxloxjpg

Контрацепција Empty
ПишувањеПредмет: Контрацепција   Контрацепција EmptyСаб 08 Aвг 2009, 23:59

Дали користите заштита?
Каква?
Колку сте запознаени за тоа дали тој начин на контрацепција ве штити од полово преносливи болести?
Според вас која е најдобра контрацепција?



Контрацепција Nautro_zema_tableta

Пред да се одлучите за некоја метода, прочитајте сé за неа,
информирајте се за предностите и маните, направете споредба,
пресметајте колку пари треба да одвоите секој месец и, што е најважно,
разговарајте со партнерот. Ниту треба сама да бидете одговорна за тоа
ниту, пак, треба одговорноста да ја префрлате на партнерот.


Како што за секс се потребни двајца така и за заштитата се потребни
двајца. Ако сте одлучиле дека ќе се заштитувате со употреба на кондом,
договорете се кој ќе биде одговорен за купувањето и дали само едниот ќе
ги плаќа. Вака ќе избегнете расправија кога нема да имате кондом при
рака, а да не зборуваме за искушенијата кога најчесто се случуваат
грешки.


Постојат повеќе методи за заштита. Некои штитат само од бременост, други од СПБ, трети и од двете.


Апстиненција. Тоа значи да немате воопшто сексуален
однос, а штом немате, нема начин како да заболите од некоја болест или
да забремените. Има парови што апстинираат, а сепак практикуваат орален
секс. Имајте на ум дека некои СПБ се пренесуваат и само преку обичен
допир на полните органи.


Ејакулирање надвор. Паровите што се заедно подолго
време обично не користат никакви средства, туку едноставно партнерот
внимава и ејакулирањето го прави надвор од вагината на страна. За ваков
потег треба да имате голема доверба во партнерот и да бидете свесни
дека не сте се заштитиле од СПБ.


Спермициди. Спермицидите се купуваат во аптека, во
форма на гелови, пасти, кремови и слично. Ги употребува жената со тоа
што ги става во вагината најмалку 10 минути пред сексуалниот акт.
Дејствуваат на тој начин што го оневозможуваат движењето на
сперматозоидот и тој не може да доплива до јајце-клетката. Спермицидите
штитат од некои СПБ, но не и од ХИВ.


Кондом. Дефинитивно кондомот е најчиста работа, не
чини многу, а штити од несакана бременост, СПБ и од ХИВ. Позитивно е
тоа што не постои голема разлика во сексуалното уживање во смисла дали
имате секс со кондом или без. Постојат одредени правила за користење на
кондомот. Партнерот мора да се научи правилно да го става исклучиво
кога пенисот е во ерекција. Не смее да се чува на топло место, како на
пример во џеб. Бидејќи секогаш постои можност да се скине ако
внимателно не се намести, уште посигурна варијанта е партнерот да
ејакулира во кондомот, но надвор од вагината. Кондомите се со
еднократна употреба и за еден секс е потребен еден кондом, а не два
еден врз друг.


На пазарот се појави и женски кондом. Жената го става во вагината
пред сексуалниот чин и исто како и машкиот штити од СПБ, ХИВ и од
несакана бременост. Разликата е тоа што сé уште не се употребува многу
како машкиот, па затоа е поскап.


Контрацептивни таблети. Основно правило е дека не
смеете да ги земате на своја рака само затоа што ви ги препорачала
најдобрата пријателка. Секогаш консултирајте се со лекар за да ви
препише соодветни за вас. За да бидат делотворни, мора да ги пиете
според упатството. По 36 часа ако не се напиете, го губат дејството. Се
смета дека девојките треба да ги применуваат по 5 години од нивната
прва менструација. Контрацептивните таблети се крајно ефикасни во
спречување на бременоста, но не штитат од болести.


Утрото по... Има ситуации кога жената не е сигурна
дека не се направила штета. Може да се работи за скинат кондом,
заборавање на контрацептивната таблета, секс без кондом и слично.
Доволно за да се роди сомнеж. Затоа постојат пилули што треба да се
земат што побрзо по чинот или најдоцна до 48 часа. Ваквите пилули
предизвикуваат гадење, набрекнатост на дојките и изместување на
месечниот циклус. Не смеете секогаш да се потпирате на оваа таблета,
наменета е за посебни ситуации.
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
 
Контрацепција
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: