Скратеницата ХПВ се однесува на група вируси т.н. папилома вируси.
Гениталните ХПВ, кои се некаде околу 30 на број, се пренесуваат преку
гениталните органи и се причина за сексуално преносливи болести.
Се издвојуваат два типа ХПВ кои се пренесуваат по сексуален пат, ХПВ
со низок ризик (ХПВ тип 6 и ХПВ тип 11) и ХПВ со висок ризик.
Симптоми.Понекогаш ХПВ -инфекциите не покажуваат видливи знаци. Нема да
почувствувате никакви тегоби, а сепак ќе бидете инфицирани со ХПВ-вирус.
Сепак, кај поголемиот број пациенти се појавуваат генитални
брадавици. Брадавиците главно се појавуваат на влажните делови на
гениталиите или околу анусот. Тие се меки, влажни, со розеникава боја
или со боја на месо. Понекогаш се испакнати, но може да бидат и рамни
со кожата. Не се појавуваат веднаш по сексуалниот чин со инфицираното
лице. Може да се појават и по неколку месеци од контактот.
Исто така и мажите не се имуни на ваквата инфекција.
Тие што редовно посетуваат гинеколог нема потреба да се грижат
бидејќи инфекцијата веднаш се покажуваат на папа-тестот. И самиот лекар
може да ги забележи видливите брадавици, доколку ги има околу вагината
и нејзините усни.
Како се пренесува инфекцијата?Преку директен контакт од кожа на кожа со инфицирано лице.
Заразувањето најчесто настанува преку орален, вагинален или анален
секс. Инфекцијата се пренесува без разлика дали имате видливи брадавици
или не.
Употребата на кондом не е гаранција за заштита. Како што
напоменавме, брадавиците се појавуваат и околу гениталиите. Доволен е и
само контакт за да се пренесе вирусот присутен на кожата.
Лекување.Кај некои пациенти самиот организам се ослободува од вирусот.
Зајакнувањето на имунитетот со витамини, престанок на пушењето, одмор,
сон, помага при соочување со инфекцијата. Задолжителна употреба на
презерватив.
Доколку дојде до развивање на брадавиците, тогаш се користи лек
препишан од гинеколог. Понекогаш можете да поминете само со нанесување
крем или гел, но има и ситуации кога мора да се отстранат во амбуланта.
Како да се заштитиме од инфекцијата?За жал, употребата на кондомот не нуди 100-отстотна заштита бидејќи
болеста се пренесува преку контакт со кожата. Не е потребно да имате
секс за да се заразите. Единствено што се препорачува е вакцинација на
жените пред да станат сексуални активни.