За кандидата.Кандида албиканс е дел од нормалната флора на човекот, односно
микроорганизам кој нормално е присутен во здрвиот организам. Таа се
наоѓа на слузницата на вагината кај 35 % од здравите жени.
Причина за појава на кандидата.Кандидата се активира кога доаѓа до промената на киселоста на
вагината, како и намалувањето на непатогените микроорганизми на
слузницата.
Одредени состојби и заболувања влијаат на промена на киселата
средина на вагината. Најчести фактори за појава на кандијаза се:
менструацијата, некои болести (шеќерна болест), бременост, менопауза,
антибиотици и контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата
и иритацијата на вагината, исто така стимулира раст на кандидата.
Претерано конзумирање на алкохол, носење претесна облека, носење
синтетски долен веш, најлонски чорапи, нанесување парфем и парфимирани
козметички препарати на вагината, ја пореметуваат нормалната рамнотежа
на вагиналната флора и потпомагаат во настанувањето на кадидата.
Симптоми.Кадијазата се манифестира со непријатен јадеж во пределот на
половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. беличест, густ,
вагинален исцедок , со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на
вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен.
За време на мочањето се јавува пецкање или болка.
Воспоставување на контрола врз кандидата со храна.За да воспоставите бактериски баланс освен антибиотици треба да држите и диета.
Избегнувјте...
Со цел да го редуцирате количеството на кандида бактериите потребно
е да ги елиминирате јаглехидратите. Намалувајќи го лебот, макароните,
пресните и сушените плодови, до 20-60 гр. дневно, ќе ги намалите
способностите за размножување на бактериите. Исфрлете го и шеќерот и
благото. Бидејќи шеќерот се јавува во повеќе форми, читајте ги
содржините на производите. Не јадете мед, чоколадо, може ориз но не и
оризово млеко, не пијте алкохол во никој случај. Оцетот и киселата
храна ја зголемуваат киселоста во стомакот и цревата, затоа треба да се
избегнуваат. Ограничете го и конзумурањето на млечни производи, со
исклучок на киселото млеко и јогурт.
Јадете...
Во овој период ви се потребни многу здрави продукти и витамини. Тука
на прво место спаѓа лукот, витаминот Ц и бета- каротенот, кои ги има во
зеленчукот со темно зелени лисја, како спанаќ, и витамин Е, кој го има
во семињата и јатките, орев, лешник, бадем. Можете да јадете и кафен
ориз, просо и многу јогурт.