Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС

Go down 
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС 1494dwwjpg

Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС Empty
ПишувањеПредмет: Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС   Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС EmptyВто 25 Aвг 2009, 16:40

Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС Mie_race



Генитален херпес е инфекција која ја предизвикува херпес симплекс
вирусот (ХСВ). Оваа инфекција спаѓа во најраспространетите сексуално
преносливи болести. Еден од пет луѓе ја носи оваа болест, но без да
знае.
Херпес симплекс вирусот.
Постојат два типа: ХСВ1 и ХСВ2, покрај генитален херпес може да го зафатат и пределот на усната за време на орален секс.
Како се пренесува?
Најголемиот број луѓе добиваат генитална инфекција како резултат на
секусален однос со лице кое веќе ја поседувало, т.е. лице со активна
ХСВ инфекција.
Кога вирусот е активен, тој обично предизвикува видливи промени на
кожата на гениталните органи. Понекогаш лицето може да има активен
вирус, но да нема видливи симптоми на кожата. Станува збор за
вирусоносители, кои ги заразуваат своите партнери без да знаат дека ја
имаат инфекцијата.
Вирусот е многу осетлив на надворешната средина и не може долго да
опстои надвор од човечкото тело. Затоа минимални се шансите за зараза
од клозетската шолја, тушот или кадата.
Заразената трудница вирусот го пренесува на својот плод. Тоа може да
предизвика големо воспление на белите дробови, сепса и смрт на
новороденчето.
Симптоми и знаци на гениталниот херпес.
Симптомте се разликуваат од пациент до пациент. Кога лицето ќе се
зарази за прв пат, обично се јавуваат за 3 до 10 дена од контактот со
вирусот. Овие први епизоди на симптоми траат од 2 до 3 дена.
Рани симтоми се:

  • Чешање и чуство на печење околу гениталната и аналаната површина, болки во нозете, задницата, или гениталиите.
  • Исцедок од вагината.
  • Чуство на притисок во стомакот.

По неколку дена од раните симптоми, се јавуваат ранички на местото
каде што влегол вирусот, како на пример на усните, во усната шуплина,
на вулвата и аналниот отвор. Може да се појават и на слузницата на
вагината, грлото на матката или на слузницата на мочниот канал.
Освен видливите ранички, доаѓа до покачување на телесната
температура, грозница, главоболка, болки во мускулите, болно и отежнато
мокрење, вагинален исцедок и отечени лимфни јазли во препоните.
Откако вирусот ќе престане да биде активен, односно кога раничките
ќе заздрават, тој патува до нервите на рбетниот столб и тука се
задржува. Може да се активира во секое време и по неколку пати во
годината. За жал лекарите тоа не може да го предвидат.
Лекување.
Сега за сега не постои лек кој може да се земе, намачка или да се
испие, како би го излечил херпесот засекогаш. Затоа се препорачува
задолжителна посета на лекар за поставување добра дијагноза. Треба да
знаете дека, откако ќе го закачите ќе го носите до крајот на животот.
Превенција.
Употреба на кондом, доколку ги покрива раничките. И да постои мал контакт за време на предиграта е доволно за пренос на вирусот.
Миење на рацете и гениталните органи со вода и сапун, ја намалува можноста од инфекција.
Вратете се на почетокот Go down
 
Се за ГЕНИТАЛНИОТ ХЕРПЕС
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: