Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Се за СИФИЛИС Вто 25 Aвг 2009, 16:48 | |
| 1. Што е сифилис и што го предизвикува?
Сифилис е полово пренослива болест предизвикана од бактерија - Treponema pallidum . Се јавува кај сексуално активни лица, најчесто мегу 20-29 год. возраст.
2. Како се пренесува?
- Најчесто преку незаштитен сексуален контакт со инфицирано лице. - Директен контакт со секрети од болниот или со инфицирана крв. - Вертикален пренос - од бремена жена на плодот во кој било период на бременоста.
3. Како се манифестира?
Сифилис е болест која се одвива во три стадиуми означени како примарен, секундарен и терцијален сифилис. - Примарен стадиум: безболна раничка ( улкус дурум ) се јавува 2-3 недели по иницијалниот контакт и често останува незабележана посебно ако е лоцирана на грлото на матката или во ректумот. За 4-6 недели спонтано се повлекува. - Секундарен стадиум: ова е најзаразниот стадиум на луес. Се јавува кај една третина од нелекуваните пациенти и тоа 2-8 недели по појавата на примарната раничка. Тој е резултат на навлегување на бактеријата во крвта и се манифестира со кожен исип ( најчесто на труп, дланки и табани, лице ), промени ( исип или ранички ) во уста, грло или гениталии, зголемени лимфни жлезди, опаѓање коса и општи знаци на инфекција (покачена температура, болки во коски, зглобови и сл.). Поминува за неколку недели до година, преминувајќи во латентна фаза т.е фаза без симптоми. - Терцијален стадиум: крајна фаза на сифилис кај нелекувани болни, со оштетување на мозок ( ЦНС ), циркулаторен систем (аорта) или појава на деструктивни промени ( гуми ) на кожа, црн дроб, коски и зглобови. 4. Како се докажува сифилис? Постојат специфични тестови за дијагноза, во зависност од стадиумот на болеста. Лекарски преглед и откривање на примарната раничка од која ќе се земе примерок ( брис ) кој се гледа под микроскоп ( во темно поле ) за да се види бактеријата како и крвни серолошки тестови ( крв најдобро е да се земе по 6 недели од појава на примарната раничка ) се доволни за потврда на сифилис. 5. Кои се компликации на сифилис? - Трајни оштетувања на мозок, очи, слух, ( неуролуес ), оштетувања на аорта, кожа и коски и сите промени од терцијалниот стадиум. - Вроден сифилис ( заради пренос во тек на бременост ). 6. Лекување! Соодветна терапија со антибиотици ( Пеницилин ) навреме започната, е успешен третман за сифилис, со редовно следење на состојбата и доволно долго за да се спречи развивање на компикации. 7. Која е заштита од сифилис?
Избегнување на ризично сексуално однесување со користење кондом при секој сексуален контакт како и рана дијагноза и лекување на заболеното лице, спречува појава и ширење на сифилис.
Сифилисот порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личноста. | |
|
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Се за СИФИЛИС Вто 25 Aвг 2009, 16:46 | |
| Сифилис
Порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личноста. | |
|