Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Се за ХЕПАТИТИС Б

Go down 
2 posters
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Се за ХЕПАТИТИС Б Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Се за ХЕПАТИТИС Б Xnxloxjpg

Се за ХЕПАТИТИС Б Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се за ХЕПАТИТИС Б   Се за ХЕПАТИТИС Б EmptyЧет 27 Aвг 2009, 20:43

Причинител: Хепаптитис Б вирус (ХБВ)

Симптоми:
- жолтица (жолта боја на очите и кожата)
- исцрпеност (изнемоштеност, замор)
- болки во стомакот
- губање на апетит
- гадење и повраќање
- болки во зглобовите и мускулите
- зголемена телесна температурa
- исип

Овие симптоми може да бидат доста сериозни а самото воспаление на црниот дроб и смртоносно.

Меѓутоа, повеќето луѓе не забележуваат, па дури и не манифистираат
никакви симптоми на инфекцијата (околу 30% од лицата инфицирани со
Хепатитс Б не пројавуваат никакви знаци или симптоми)

Поголемиот број на ХБВ инфицирани лица со текот на времето
развиваат имунитет кон инфекцијата (акутна Хепатитис Б инфекција која
обично трае од 3 до 16 недели), а само кај мал дел од инфицираните
Хепатитис Б вирусот продолжува и понатаму да се размножува во
организмот по инфицирањето. Околу 5% од инфицираните може да преминат
во хронични носители на ХБВ вирусот , што значи дека тие се инфицирани
за цел живот, иако може и да не манифестираат никакви знаци или
симптоми, но со можност да ја пренесуваат инфекцијата на други луѓе.
Специфичностите на индивидуата какошто се генетската структура, имуниот
систем се главни одредници кои укажуваат дали кај лицето ќе настапи
хронична ХБВ инфекција или не. Кај 1/4 од хроничните носители на ХБВ
вирусот постои можност да се развијат хронични воспаленија на црниот
дроб како цироза или пак во краен случај појава и на рак на црниот
дроб.

Хронични последици од ХБВ инфекцијата се појавува кај:

- 90% од бебињата инфицирани по самото раѓање
- 30% од децата инфицирани на возраст помеѓу 1-5 година од животот
- 6% од лицата инфицирани по 5-та година од животот

Дијагностика: Преку крвните тестови се одредува присуството на
Хепатитис Б антигените и антителата коишто покажуваат дека лицето било
изложено, односно инфицирано со ХБВ вирусот. Ако фрагменти од самиот
вирус, наречени Хепатитис Б површински антигени (ХбсАг) се присутни
повеќе од 6 месеци во крвта, тогаш лицето е хроничен носител на вирусот
со можност да инфицира и други луѓе. Од друга страна пак, присуство на
антитела, а отсуство на антигени од ХБВ вирусот и по 6 месеци во крвта
покажува дека лицето се исчистило од Хепатитис Б инфекцијата.

Кога веќе е дијагностицирана хроничната форма на Хепатитис Б
инфекцијата, на лицето му се сугерира практикување на редовни контроли
и прегледи на црниот дроб. Правењето на крвни тестови кои ги вклучуваат
и тестови за проверка на работата на хепарот треба да се спроведуваат
на секои 6 до 12 месеци. Тестот за проверка на работата на хепарот го
мери количеството на одредени протеини или ензими во крвта кои пак
покажуваат колку добро хепарот ја извршува својата функција. Ако лицето
веќе има цироза, се препорачува правење на ултразвучно скенирање на
секои 6 месеци кои можат да бидат индикатор за појава на рак на црниот
дроб. Исто така и преку биопсија со земање на примерок од ткивото на
хепарот може да се определи степенот на неговото оштетување.

Тестирање за Хепатитис Б и Ц во Македонија, може да се направи во
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје(со плав
картон тестот чини околу 200 денари, приватно тестот чини околу 1200
денари), Дијагностичкиот центар во Скопје, Фармахем, Неуромедика,
Систина. Цената се движи помеѓу 800-1200 денари

Начини на пренос:

- преку контакт со крв и крвни продукти од инфицирана личност (
користење на: заеднички прибор при интравенско користење на дроги,
нестерилни инструменти при медицински интервенции (осбено при
стоматолошки интервенции), тетовирање, пирсање, употреба на брич или
четкичка за заби од ХБВ инфицирана личност)
- преку незаштитен сексуален однос вагинален, анален и орален
- од мајка на дете (вертикален пренос)

Хепатитис Б вирусот не се пренесува преку вода, храна и социјални контакти (гушкање, бакнување во образ, ракување...)

Превенција:

- вакцината против ХБВ вирусот претставува најдобрата заштита од
инфекцијата ( откриена е во 1982 год, препорачливо е рутинска
вакцинација од 1-18 година како и вакцинација на оние групи луѓе кои се
со висок ризик кон ХБВ инфекцијата интравенски корисници на дроги,
хомосексуалци, проституки, здраствени работници (медицински сестри,
лекари?)

- употреба на кондом при секој сексуален контакт
- употреба на стерилни игли и шприцеви при интравенско користење на дроги и вакцинирање против Хепатитис Б
- користење на стерилна опрема при тетовирње и пирсање
- ХБВ инфицираните лица не треба да донираат крв, органи, ткива
- Здраствените работници треба да се вакцинираат против Хепатитис Б,
секогаш да ги следат рутинските мерки за претпазливост, да бидат
внимателни при работа со игли и други остри предмети
- Бремените мајки е пожелно да направат ХБВ тест. На бебињата родени од
ХБВ инфицирани мајки треба да им се даде Х-БИГ ( хепатитс Б имуно
глобулин) и да се вакцинираат 12 часа по раѓањето

Лекување:

Кај акутната форма од ХБВ инфекцијата терапијата е релативно
едноставна и се состои пред се од препораки на лицето да мирува,
внесува поголеми количини на витамини и да не конзумира алкохол.

Терапијата кај хроничните носители на ХБВ вирусот е доста
посложена и има за цел да се редуцира хепарното воспаление, создавање
на антитела, намалување на количеството на Хепатитис Б генетскиот
материјал (ДНА) како и уништување на Хепатитис Б антигените. Адефовир
дипивоџил, алпха интерферон и ламивудине се три лека кои се прифатени
(одобрени) за лекување на лица кои се хронични носители на ХБВ (
Хроничната Хепатитис Б инфекција најчесто се лекува со алпха интерферон
со инјектирање на 3 до 5 милион единици 3 пати во неделата). Овие
лекови инаку не треба да се даваат на бремени жени. Алкохолот
допринесува кон побрзо оштетување на црниот дроб кај ХБВ инфицираните,
па затоа на овие лица строго им се забранува негово конзумирање.
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Се за ХЕПАТИТИС Б Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Се за ХЕПАТИТИС Б 1494dwwjpg

Се за ХЕПАТИТИС Б Empty
ПишувањеПредмет: Се за ХЕПАТИТИС Б   Се за ХЕПАТИТИС Б EmptyВто 25 Aвг 2009, 16:51

Општи информации
- хепатитис значи воспаление на црниот дроб кое најчесто е предизвикано
од еден од 5-те вируси (А, Б, Ц, Д и Е). Секој од овие вируси може да
предизвика акутно заболување со симптоми кои во просек траат неколку
недели. Различните видови на хепатитис имаат заеднички и специфични
карактеристики .


Начини на пренесување - хепатитис "Б" може да се пренесе:

  • од мајка на најзиното дете,
  • од дете на дете,
  • преку трансфузија и заедничко користење на игли и шприцеви
  • преку сексуален контакт и контакт со телесните течности како што е крв, плунка и урина.

Последица од прележан Хепатитис "Б" може да биде долготрајно оштетување на црниот дроб.

Причинител - вирус присутен во крвта и другите телесни течности на инфицираното лице.

Симптоми
- секој од 3-те стадиуми на болеста има свои симптоми.Постојат случаи
кога лицето заразено со Хепатитис "Б" нема никакви симптоми а сепак
може да ја пренесува заразата на други.


Iстадиум - симптомите се јавуваат 1-6 месеци по заразувањето и се карактеризираат со:
општи симптоми (кашлица и болки во грло)
чувство на малаксалост и грубење на апетит
болки во зглобови

IIстадиум - наречен стадиум на жолтица трае 2-8 недели. Во текот на овој стадиум се јавуваат нај јасните симптом на болеста .
кожата и белките на очите се жолти
урината станува темно кафеава, а столицата бела светла
болки во абдоменот

IIIстадиум
- наречен стадиум на оздравување. Во овој стадиум исчезнува жолтилото
на кожата и белките. Урината и столицата стануваат нормални. Губитокот
на тежина до 4,5 кг. за време на болеста е често.


Лекување
- единствен третман е одмор и здрава храна. Докторот ќе каже колку
долго е потребно да се мирува. Некогаш се потребни и неколку месеци за
нормализирање на состојбата.


Превенција -
постои вакцина против хепатитис "Б". Таа е скапа и поради тоа достапна
само за одредени земји и луѓе. Една од индикациите за давање на оваа
вакцина е на сексуални партнери на луѓе кои биле заразени со вирусот.
Ако е потребно да се вакцинираш обрати се на својот доктор и објасни му
зошто мислиш дека има потреба од тоа.
Вратете се на почетокот Go down
 
Се за ХЕПАТИТИС Б
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: