Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Се за МИКОПЛАЗМА

Go down 
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Се за МИКОПЛАЗМА Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Се за МИКОПЛАЗМА 1494dwwjpg

Се за МИКОПЛАЗМА Empty
ПишувањеПредмет: Се за МИКОПЛАЗМА   Се за МИКОПЛАЗМА EmptyВто 25 Aвг 2009, 17:00

МИКОПЛАЗМА

1. Што е Микоплазма и што ја предизвикува?-
Тоа е полово пренослива болест, предизвикана од Ureaplasma urealyticum
и Mycoplasma Hominis, - Тоа се транзиторни микроби на урогениталната
слузокожа кај сексуално активни лица
- При поволни услови опортунистичките микроби предизвикуваат инфекција
на бартолиниевите жлезди, вагината, грлото на матката, јајцеводите,
мочниот канал кај жени и мажи и , простатата и епидидимусот.



2. Како може да се добие?

- Се пренесува преку сексуални активности, посебно при повторни сексуални односи со инфицирани партнери,
- Голем број на партнери го зголемува ризикот за инфекцијата
- Бремена жена може да ја пренесе инфекцијата на новороденчето за време на раѓањето преку родилните патишта


3. Кои се знаци и симптоми?


Манифестација кај жени:
најчесто не дава никакви симптоми, а доведува до воспаление на
вагината, цервиксот-грлото на матката, може да се прошири и да доведе и
до пелвична инфламаторно заболување, кое се манифестира со воспаление
на матката и јајчниците. Симптомите се слични како и при кламидија
инфекција.


Кај мажи:
Најчесто се манифестира при уретрит-воспаление на мочната цевка, со:
печење или свраб во мочниот канал со слузав ретко гнојав, беличаст или
жолтеникав исцедок од пенисот, кој најчесто се јавува само наутро во
вид на една капка.
Покрај тоа може да доведе и до воспаление на простатата, како и на епидидимусот.
Тие ( предизвикувачите ) имаат способност да се прикачат на
сперматозидите поради што овие ја губат својата подвижност и виталност,
што преставува причина за намалена можност за оплодување на јајце
клетката-забременување.


4. Како се дијагностицира ?

Покрај неопходниот лекарски
преглед ( кај уролог т.е гинеколог ) постојат одредени лабараториски
анализи со кои може да се утврди дијагнозата, и тоа:
- примерок од секретот од инфицираните органи (цервикс, вагина, мочен канал ), со што директно се докажува кламидијата.
- Друг тест е преку примерок од урина ( кој се применува кога постои воспаление на простатата и пореметувања во спермата )
- Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата).



5.Какви компликации може да настанат ?

Кај маж, нелекуваната може
да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до
стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал.
Кај жени, нелекувана предизвикува Карлична воспалителна болест ( Pelvic
inflammatory disease ) што не секогаш дава симптоми, или може да биде
многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа
внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична
бременост, спонтан абортус,смрт на плодот, мртвородено.


6.Како се лекува?
- Се лекува со антибиотици 1 до 2 недели, исто како и при кламидија инфекција
- Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат
никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција.
- Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом.


7.Како да се спречи?

- Користење кондом при секој сексуален однос
- Ограничување на бројот на сексуални партнери
- Сексуална апстиненција
- Лекување на двата партнера ( доколку постои инфекција )
Вратете се на почетокот Go down
 
Се за МИКОПЛАЗМА
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: