Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Климактериум

Go down 
АвторПорака
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Климактериум Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Климактериум 1494dwwjpg

Климактериум Empty
ПишувањеПредмет: Климактериум   Климактериум EmptyЧет 27 Aвг 2009, 18:37

Критичната возраст - сите жени знаат дека ќе ги стигне. Малку од нив се
подготвени, повеќето го игнорираат тој факт. Затоа што "критичната
возраст" се поврзува со губењето на младоста, на способноста со
продолжување на родот, таа навестува старост. Но, во однос на
климактериумот не може да се даваат претскажувања. Некои жени имаат
силни жалби, други - никакви. Критичната возраст е најмногу душевна
преодна фаза и од самите жени зависи дали ќе излезат од неа со повеќе
сили, стабилност и поголема самодоверба.

Поимот "менопауза" означува крај на месечниот циклус и безменструална
состојба после тоа. Времето пред тоа - со сите физички промени се
нарекува климактериум или критична возраст. Кај некои жени тоа трае 1-2
години, кај други - една деценија и повеќе. Некои од крајно
непријатните појави можат да продолжат долго после последниот циклус.
Скоро една третина од жените не го ни чувствуваат климактериумот, исто
толку жени го доживуваат бурно и непријатно, а останатиот дел - средно.

Што се случува во таа фаза?

За време на климактериумот жените минуваат низ хормонален преод.
Јајниците произведуваат се помалку естроген и гестаген (естроген
меѓутоа се произведува во мали количини долго после менопаузата).
Телото реагира со најразлични симптоми:
- промени во менструацијата: ретки циклуси, продолжување или прекин на циклусот, послабо или посилно крварење итн.
- топли бранови: најчесто придружени со црвенило на кожата - кај некои
жени ноќе, често пати со отоци на нозете. После такви "жешки облевања"
често следува вистинско пливање во пот, потоа интензивно мрзнење.
- надуеност на стомакот, хемороиди, инфекции мочните патишта.
- нарушувања во циркулацијата, проблеми со вените: најмногу тежина во нозете, проширени вени, промени на крвниот притисок.
- остеопороза: намалување на калциум во коските, поради кое тие стануваат тенки и кршливи.
- нагласена чувствителност на градите: тежина или болки.
- промена во кожата, косата, ноктите: најмногу поради намалените
естрогени кожата станува опуштена, задржува помалку течности, чувство
дека е сува или чеша. Чешање се појавува и во вагината, кое може да ги
отежни сексуалните односи. Некои жени забележуваат дека ноктите им се
кршат полесно и дека косата паѓа.

Традиционални методи

За време на климактериумот се изведува лечење со естрогени (понекогаш и
со машки хормони). Истото важи и за менопаузата, при што се земаат и
гестагени.

Алтернативни методи

За добрата здравствена состојба по принцип решавачки се движењето, спортот и балансираното хранење.


Остеопороза: трошливи коски

По 35-та или 40-та година од животот телото постепено почнува повеќе да
го разградува, отколку да го изградува својот коскен систем. Тоа е
нормална состојба, што не е задолжително да создава проблеми. Но, кај
жените после менопаузата може да дојде до остеопороза. Можни последици
се: кршење на коски при најмал напор, набивање на пршлените кои водат
до создавање грпка и неподносливи болки.
Затоа треба превентивно да се консумира калциум (млечни производи).

За време на климактериумот многу жени добиваат реума, болки во прстите на рацете, колената.

Со стареењето, ѕидовите на крвните садови ја губат својата еластичност.
Внесувањето многу маснотии во организмот може да доведе до повишување
на холестеролот и на нивото на шеќерот во крвта и до зголемување на
тежината. Некои жени и покрај тоа што спортуваат за време на овој
период, сепак тие добиваат на тежина. Најважно е повеќе да се консумира
зеленчук, храна со многу витамини и млечни производи. Треба да се
избегнува месото, белото брашно и премногу маснотии.

Од климактериум најсилно страдаат жени со ниска самодоверба, а другите
кои се почитуваат себе си и се чувствуваат сакани и потребни - имаат
далеку помалку тегоби. А многу жени кои се ангажирани со професијата и
личниот живот велат дека речиси не го ни забележале климактериумот.

Секс - помала или поголема желба?

Секоја жена повеќе или помалку има во телото андрогени - т.е. машки
хормони кои "одговараат" во организмот за либидото. Истовремено можат
да се појават и фактори кои и пречат на желбата: поради недостаток на
естрогени, вагината станува посува, понееластична, поранлива и
поподложна на инфекции. Последицата: болки за време на секс.

Предвремен климактериум

Се мисли на климактериум ако менопаузата настапи пред 40-годишна
возраст. Засегнатите жени често пати забележуваат што се случува кога
нема да имаат менструација половина година или повеќе. Ако не е веќе
доцна, менопаузата може да биде забавена со неколкугодишно лекување со
медикаменти.

Хранење за време на климактериумот

ВИТАМИН А
Важен за: кожа, лигавици, зарастувањето на рани, очи.
Има во: риба, млечни продукти, зелена салата, жолчка, спанаќ, моркови, кајсии, зеленчуци.

ВИТАМИН B
Важен за: нерви, кожа, лигавици, одделни витамини од групата B против главоболка, болки во нозете, чешање.
Има во: житарици, зрнести производи, семки, риба, месо.

ВИТАМИН C
Важен за: против топли бранови
Има во: цитрони, зелка, јаболко

ВИТАМИН D
Важен за: регулирање на калциумот
Има во: рибино масло, риба, жолчка, млеко.

ВИТАМИН Е
Важен за: важен за снабдување на половите органи; срце и циркулација.
Има во: зеленчук, ф`стаци, цветен прав.

ВИТАМИН F
Важен за: неговиот недостаток води до срцеви заболувања, проблеми со циркулацијата, црниот дроб, нервите, рак.
Има во: семки

КАЛЦИУМ
Важен за: здрави коски, против топли бранови
Има во: млеко, млечни производи, сенф, семки, сусам.

ЖЕЛЕЗО
Важен за: го снабдува телото со кислород, против анемија на крвта.
Има во: спанаќ, зелен зеленчук, црвена репа, јајца, шумски плодови, македан.

МАГНЕЗИУМ
Важен за: обновување на клетките, црниот дроб, дејствува балансирачки на нервниот систем, го намалува процесот на стареење.
Има во: семки, соја, млеко, јајца.

ФОСФОР
Важен за: производство на хормони
Има во: житарици, лук, моркови, семки, риба, грозје.

БЕЛКОВИНИ
Важни за: обновување на клетките.
Има во: риба, месо, млеко, млечни производи, јајца, соја.
Вратете се на почетокот Go down
 
Климактериум
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: