ГрозјеГрозјето е вистински
освежувач за организмот. Црното грозје содржи екстракт кој штити од
инфекции, висок крвен притисок и покачен холестерол. Свежото грозје е
богато со влакна чиј процент најмногу е застапен во кората и во семето.
Влакната се одлични антиоксиданси што го штитат срцето. Разликата
помеѓу црното и белото грозје е тоа што белото содржи помал процент
калиум и калциум и сиромашно е со феноли.
ДуњаОсвен за исхрана, дуњата се користи и за медицински и козметички
цели. Таа содржи белковини, јаглеродни хидрати, растителни влакна,
бакар, а содржи и многу танински материи. Една дуња ја задоволува
дневната потреба од витамин Ц. Плод кој го чува грлото и слузницата на
крајниците и дишните патишта од воспаленија. Се препорачува и при
слабокрвност.
КостениКостените се особено добри за децата бидејќи ја подобруваат
крвната слика. Ако страдате од анемија, задолжително внесете ги во
исхраната. Костените изобилуваат со витамин А, Б и Ц, калиум, бакар,
манган, фосфор, сулфур, натриум и калиум. Јадете ги добро сварени или
испечени бидејќи потешко се варат во желудникот.
КалинкаЛековитиот спектар на калинката е огромен. Калинката се смета за
најдобриот забавувач на ракот. Многу студии се занимаваат со
потврдување на фактот дека калинката штити од рак на простатата, на
кожата и на дојките. Калинката е богата со антиоксиданси, витамин А, Ц,
Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка го
намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Намерно ставив есенски плодови и нивни својства, да ве потсетам дека есента изобилува со плодови богати со витамини и лековити својства како и својства кои превентивно делуваат кон појавата на одредени заболувања.
Па драги мои тормозери искористете го периодов.