Еве некои новости околу велосипедизмот!
Контадор го чека Винокуров!
Шпанскиот велосипедист, Алберто Контрадор, изјави дека повеќе во тимот на Астана би сакал да настапува со Александар Винокуров отколку со Ленс Армстронг.
"Свесен
сум за проблемите што можат да настанат по неговото враќање откако ќе
ја издржи казната за користење на допинг. Сепак јас со него сум имал
коректни односи и затоа ќе бидам посреќен ако повторно сме заедно. За
мене тоа само обично враќање во тимот, немам никакви предрасуди",
изјави Контадор.
Контадор во интервјуто за Асошиејтед Прес
изјави дека нема никакви проблеми со фактот дека поради суспензијата на
Винокуров и неговиот тим Астана тој немаше шанса да ја брани титулата
на Тур Д'Франс и дека навистина сака да вози со ист тим со Винокуров.