Леле јас прв пат сонувам ваков сон:Само што заспав почнав да си го слушам името, некој женски глас ме викаше, ми се обраќаше..
Толку беше тоа реално што од страв се разбудив. Истово се повтори по некое време пак но подоцна гласот беше машки.
Тогаш не се разбудив откако престанав да го слушам гласот го сонував следново:
Го слушав татко ми како разговара со мајка ми (во сонот беше утро) изгледа сакаше нешто да ме праша па тргна накај мојата соба.
Јас во истото време лежев и се преправав дека спијам зошто плачев, ми беше нешто ужасно тешко, лицето ми беше мокро од солзи и несакав татко ми да ме види таква.
Влезе татко ми во соба неколку пати викна по мене за да се разбудам кога виде дека не станувам ја тргна фротирката и ми рече сврти се накај мене, како да знаеше дека нешто не е во ред со мене, како да знаеше дека не спијам, дека се преправам и дека плачам.
Ме погледна и се разбудив.
Можам да се кладам дека беше ова реалност а не сон.
Така да слушам гласови толку реално ми се случува прв пат, а и тоа на крај беше пререално за да биде сон.