|
|
| Најнови информации за Формула1... | |
| | Автор | Порака |
---|
GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Саб 10 Јан 2009, 15:59 | |
| Ферари и помага на Хонда Италијанскиот формула еден тим на Ферари, потврди дека во следната година ќе ја снабдува Хонда со мотори. Со овој договор решен е еден дел од проблемите со кој се соочи овој тим по повлекувањето на јапонскиот произведувач на мотори. Сега останува да се најде финансиер, кој ќе го поддржува тимот до крајот на новата сезона. "Хонда не замоли дали би можеле да му помогнеме на тимот со обезбедување на мотори за новите болиди. Ние нормално ја прифативме соработката и се надевам дека тие ќе успеат во текот на новата сезона успешно да се натпреваруваат со нашите мотори", изјави портпаролот на Ферари. Веста за соработката на двата тима ја потврди и Рос Браун, кој пред да се пресели во Хонда, работеше во Ферари. Хонда ќе биде вториот тим, кој заедно со Торо Росо ќе користи мотор на Ферари. Во минатата сезона Ферари на овој начин соработуваше и со Форс Индија, но сопственикот на тимот, Виџај Малаја за 2009 година потпиша договор со МекЛарен за користење на моторот на Мерцедес. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Вто 06 Јан 2009, 13:59 | |
| Промоција на новото Ферари На почетокот од следната недела тимот на Ферари ќе го промовира новиот болид што следната сезона ќе се натпреварува во Светскиот шампионат во формула 1.Точно на пладне в понеделник, Фелипе Маса ќе биде првиот возач што ќе седне во новиот болид, а промоцијата ќе се одржи на патеката Фјориано. Практично Ферари ќе биде првиот тим што официјално ќе го промовира болидот за новата сезона, три дена подоцна тоа ќе го направи Тојота, а на неколку дена подоцна ќе појави и новиот МекЛарен. Новата сезона во формула еден стартува на 29 март на патеката во Мелбурн. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Пет 26 Дек 2008, 13:01 | |
| Пежо се враќа во Ф1 Додека се бара инвеститор за финансирање на Хонда, во некои медиуми се појави најава дека постои голема можност тимот да го преземе францускиот производител на автомобили, Пежо. Наводно челниците на компанијата сериозно размислувале да се вратат во формула еден откако во деведесеттите години Пежо беше снабдувач со мотори на Мекларен, Џордан и Прост Ф1. Наводно контактот со Пежо го направиле Рос Браун и Џенсон Батон и дека во најкус можен рок треба да биде познато дали Французите дефинитивно ќе се вратат во формула еден. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Пон 17 Ное 2008, 22:54 | |
| Шуми го откачил Ферари Добро чуваната тајна во италијанскиот формула еден тим, конечно по скоро една година конечно се објави во јавноста. По повлекувањето на Жан Тод, местото шеф на тимот му било понудено на Михаел Шумахер, кој веднаш ја отфрлил можноста со изговор дека во моментот сака да му и посвети на својата нов страст, а тоа се трките во мотоциклизам. Според некои медиуми на Шумахер му била понудена годишна плата од пет милиони фунти, но Германецот, без размислување ја одбил понудата. Иако никој во Ферари, не сака да ја коментира оваа информација, најдобра беше реакцијата на Берни Еклстон. "Навистина ми е чудно, тоа ви е исто како Дејвид Бекам да ја одбие понудата да биде менаџер на Манчестер Јунајтед". По одбивањето на Шумахер, за нов шеф на Ферари беше именуван Стефано Доменикали. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Пон 03 Ное 2008, 00:34 | |
| Каква трка беше само тоа во Бразил! Каква завршница!
Хамилтон е новиот светски првак!
Ама според мене, чиста местенка беше. Само за да стане првак Глог му пушти едно место и Пе***ов победи! Ептен апла се виде на снимките како закочи за Нигеров да помине. Многу ме изнервира тоа. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Саб 25 Окт 2008, 23:04 | |
| Баричело во Инди Кар? Иако бразилскиот возач во формула 1, Рубенс Баричело ги демантираше шпекулациите дека по завршувањето на сезоната најверојатно ќе се пресели во Инди Кра серијата, сепак тимот на Хонда интензивни бара замена за ветеранот. "Немам намера да се повлечам, некои новинари измислуваат приказна само да направат сензација. Факт е дека имам големи пријатели во Инди Кар, пред се Тони Канан, но тоа не е причина да ме поврзувате со трансфер во ова натпреварување", изјави Баричело. Се шпекулира дека Бразилецот има отворена понуда од Роџер Пенске, еден од сопствениците на тимовите во Инди Кар серијата, кој наводно не жали пари да го ангажира Баричело. "Сум имал шанса да се натпреварувам на Инди 500, но мојата сопруга ми рече дека не сака да се тркам на овални патеки. Точно е дека тоа е голем предизвик, но јас немам намера да се селам во САД", заврши Баричело. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Сре 15 Окт 2008, 18:48 | |
| Форс Индија со Мерцедес Формула 1 тимовите на Форс Индија и МекЛарен преговараат за можна соработка во иднина односно Мерцедес да ги снабдува со мотори болидите на индискиот сопственик, Виџај Малаја, кој во моментов има договор со Ферари. "МекЛарен и Мерцедес-Бенц се убедени дека независните тимови се многу важни за формула еден и затоа сакаме да им помогнеме. Ние сме во позиција да преговараме со ове тимови и сме подготвени за соработка. Одлуката не е донесена, а за резултатите од преговорите навреме ќе ве информираме" изјави портпаролот на МекЛарен. Во исто време тимовите се подготвуваат за трката во Јапонија, а таму директорот на Форс Индија, Колин Колс рече дека неговата екипа за следната година не треба да се грижи за снабдувачот со мотори. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Сре 08 Окт 2008, 21:38 | |
| Канада без Ф1
Според последната одлука на Светската автомобилска федерација, која го одобри календарот за следната сезона, во 2009 година нема да се одржи трката за Големата награда на Канада. По ова решение Северна Америка во следната сезона нема да биде домаќин на ниту една трка од Светскиот шампионат во формула 1.
Монтреал веќе три децении беше домаќин на најдобрите возачи во формула еден, но сепак од следната сезона тука веќе нема да се возат трки.
Според новиот календар дојде до измена на терминот на трката во Турција додека во редоследот местата си ги заменија Големите награди на Белгија и Италија.
Има смена на последната трка од шампионатот, наместо во Бразил следната година крајот на сезоната е во Абу Даби.
Календар за 2009 година:
29 март Австралија 5 април Малезија 10 мај Бахреин 24 мај Монако 7 јуни Турција 21 јуни Велика Британија 28 јуни Франција 12 јули Германија 26 јули Унгарија 23 август Валенсија 30 август Белгија 13 септември Италија 27 септември Сингапур 11 октомври Јапонија 18 октомври Кина 1 ноември Бразил 15 ноември Абу Даби | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Пон 06 Окт 2008, 22:02 | |
| Како плод на соработката меѓу трите најголеми тимови во последните 10 години во F1, Ferrari, McLaren и Renault, од наредната година во F1, со помош на неколку нови правила во аеродинамиката, ќе се придонесе за повеќе престигнувања меѓу болидите кои треба трките да ги направат многу поинтересни. Според испитувањата за да еден болид лесно го помине тој пред него треба да биде околу 2 секунди побрз по круг што е тешко да се постигне најмногу поради турбуленциите кои ги прави предниот болид. Ова време од две секунди наредната година ќе биде скратено само на една – значи болидот одзади наместо две ќе треба да биде само една секунда побрз по круг за да може да престигне. Најголемите измени во аеродинамиката ќе бидат на задното крило на болидите кое сега ќе биде повисоко, ќе има мал дифузор на воздухот во задниот дел, нема да бидат дозволени мали крилца или дефлектори кои создаваат дополнителни турбуленции, додека најважен фактор секако ќе биде предниот спојлер кој ќе биде многу поширок и ќе може да се подесува неговата наклонетост како што сака возачот и тоа директно од кокпитот. Значи, за прв пат во F1, секој возач ќе има шанса со копче на воланот да го смени однесувањето на своето возило, било дали сака подобар контакт со подлогата или поголема брзина на правците, што само по себе бара и дополнителна обука на самите пилоти. Овој систем ќе може да се користи само два пати во еден круг, односно возачот ќе ги подесува крилцата зависно од делот на патеката, дали е тој брз или спор. Сепак, на прашањата зошто не се направи некој поголем чекор за олеснување на престигнувањата, од F1 одговорија дека доколку престигнувањата станат премногу лесни нема да бидат ни интересни и сите подобри возачи кои доколку поради некои проблеми стартуваат од лоша позиција, ќе можат многу лесно се вратат меѓу првите бидејќи ќе имаат голема предност во однос на другите послаби болиди кои се пред нив. Како што веќе најавивме од наредната година во F1 ќе се користи и системот KERS, кој е всушност електричен мотор кој на возачите ќе им дава до 20 КС повеќе кога ќе треба да престигнат што дополнително придонесува за зголемување на престигнувањата, а се вклучува исто така од управувачот. Единствен проблем секако би можела да биде деконцентрацијата на пилотите, кои и така сега веќе имаат премногу работи на кои треба да мислат, па може да се замисли како ќе биде кога ќе им стават уште неколку копчиња на управувачот, преку кој тие делумно ќе треба да ја вршат работата на механичарите наместо да се концентрираат на возењето. Во секој случај, се додека трките се интересни, нас тоа и не треба да не загрижува. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... Чет 02 Окт 2008, 19:03 | |
| Милион долари за мотивација на возачите Шампионатот на Формула 1 би можел да претрпи измени следната сезона, кои би принеле да “најбрзиот циркус“ добие на атрактивност.
Челникот на спортската работна група Асоцијација на Ф1 тимовите, Мартин Витмарш, инаку извршен директор на “мекларен“, најавил дека во текот на Гранд При викендот, возачите би можеле да се натпреваруваат за милионски џек пот, како би го направиле шампионатот поинтересен.
Тој рекол дека на првиот тренинг во петокот, кој екипите обично го користат за подготовки за квалификациите, би можеле да воведат награда од милион долари за најбрз извозен круг, што би било интересно и за возачите и за гледачите.
Витмарш предложил тренинзите да бидат скратени на 45 минути, а на крајот возачите да ги покажат своите способности, и така да ја развеселат публиката и својата банкарска сметка.
Предлогот на Витмарш е само еден од многуте, а конечна одлука за евентуална реорганизација на Гран При викенд би можела да биде донесена на крајот од годинава. | |
| | | GoldenBoy ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2089 Години : 39 Локација : Скопје-Карпош1 Занимање : Студент Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1139 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 17
| Предмет: Најнови информации за Формула1... Чет 02 Окт 2008, 18:59 | |
| Овде можете слободно да ги поставувате сите новитети што ќе ги чуете,дознаете или прочитате! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Најнови информации за Формула1... | |
| |
| | | | Најнови информации за Формула1... | |
|
Similar topics | |
|
Similar topics | |
| |
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|