Сузуки не се откажува
Менаџерот на Лорис Капироси, Карло Пернат, демантира дека фабричкиот тим на Сузуки пред стартот на новата сезона планира да се повлече од Светскиот шампионат во мотоциклизам.
"Со
сигурност од 150 проценти можам да ви кажам дека Лорис и во следната
сезона ќе се натпреварува во Мото ГП класата и тоа со моторот на
Сузуки. Јасно е дека ќе има намалување на буџетот, но не компанијата
нема да се повлече. Иако тестовите во првата фаза се откажани, сепак
тие ќе продолжат во текот на следниот месец", изјави Пернат.
Со тоа се демантираат шпекулациите дека Сузуки ќе биде вториот производител по Кавасаки, кој се повлекува од шампионатот.