Еве уште нешто интересно за пилатесот
барем за некои од вас ќе биде добра причина да почнете да вежбате пилатес
Подобар секс со пилатесПилатесот не е само несвесно повторување на движења. Суштината на пилатесот не е во тоа што правите, туку како го правите. Присуството на духот е неопходно за да постигнете добра форма.
Вежбите пилатес се нарекуваат “врвни” бидејќи ни помагаат да влеземе во своето
тело, да сфатиме како правилно да седиме, стоиме, како да се
наведнуваме и да се подигнуваме. Како правилно да ги користиме
мускулите во нашето тело. Но, тука не престанува корисното дејство на пилатесот. Пилатесот може да ви помогне да го подобрите и вашиот сексуален живот. Откако
ќе станете свесни за вашето тело и откако ќе научите да ги разликувате
мускулите на карлицата ќе го зголемите чувството на задоволство и
подобро ќе ги контролирате мускулите додека водите љубов. (Мускулите на
карлицата се оние кои ја контролираат матката и анусот, како и
мускулите на вагината) Секако, подобрата раздвиженост на
колковите и нозете, тоа ја зајакнува карлицата и колковите, ви дава
повеќе можности и избор додека водите љубов, како и поголема физичка
издржливост! Доколку водите љубов со елементи на гимнастика,
пилатес вежбите може да ви помогнат и да го спречат претераното
истегнување на мускулите и повредите.