| Омилена салата | |
|
|
|
Автор | Порака |
---|
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 18:47 | |
| Македонска Салата
| | 200 гр. Свежи домати сечени на коцки 200 гр. краставици сечени на коцки 40 гр. ситно сечкан кромид 120 гр. пиперки печени и сечени на коцки 40 гр. масло сол
Сето ова се меша, се сервира во чинија за салата и се служи. По желба може да се стави лута пиперка.
Салата од Печени Компири
| | 1 кгр. розе компири 300 гр. масло 1 главица лук сол црн пипер
Измијте го компирот и ставете го во рерна да се пече. Од како ќе се испече, излупете го и пропасирајте го додека е топол и веднаш ставете сол, толчен лук и постепено мешајќи ставете го маслото додека не се потроши целото и на крај црниот пипер. Се служи како ладна или топла салата.
Салата од Праз
| | маслинки 4 страка праз масло сол оцет црн пипер
Измијте го празот и од белиот дел исечете парчиња од околу 3 см. Во сад ставете вода, посолете ја и ставете го празот да се бари. После десетина минути извадете го и ставете го во цедалка. Од како ќе се олади ставете го во длабока чинија за салата, прелејте ја со масло, оцет и поросете ја со црн пипер. Украсете ја со маслинки.
| Малиџано
| | 4 модри патлиџани 200 гр. овчо сирење 6 чешниња лук 50 гр. ореви 50 гр. масло црн пипер
Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. Исцедените патлиџани истолчете ги и помешајте ги со лукот оревите па додајте го изгмеченото сирење. Загрејте го маслото до вриење и внимтелно помешајте гo во оваа пикантна салата. Салатата може да се послужи какo прилог со печено месо, а може да се користи како предјадење.
| Таратор
| | 1 краставица 100 гр. масло 1/2 кгр. кисело млеко 3-4 чешниња лук сол
Ставете гo лукот во дрвена ваганка, додајте сол и толчете се додека лукот не се истолчи добро. Вo таа смеса постепено додавајте масло и матете добро дoдека не добиете смеса слична на млеко. Во таа смеса дoдајте го киселото млеко убаво изедначете ја смесата и на крај додајте ја краставичката исечкана на ситни коцки. Во колку киселoтo млеко е мноry ryсто можете да дoдате 1-2 филџана вода.
|
| |
| |
|
| |
°•MoonLight•° ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919 ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна! Љубовен статус : Во совршена и идилична врска Години : 37 Локација : Пред компјутер Занимање : Студент Се чувствувам : Вљубено Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60
Мојот миленик : Се вика : Торко
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 14:40 | |
| Сончоглед салатаЗа превкусната салата но и одличниот вкус на чипсот Leonardo’s - Bacon и се заблагодаруваме на Надица која ни го испрати овој рецепт.Благодарение на неа дознавме и за чипсот Leonardo’s - Bacon,кој можете да го набавите во сите поголеми маркети а истиот ќе ви послужи за приготвување на салатата - сончоглед. Но каков е вкусот на салатата и чипсот ќе оставиме токму на вас - да го пробате ова мало задоволство. На вас оставаме да ја пробајте оваа превкусна салата. Состојки кои ви се потребни за оваа салата: -пилешко бело месo 300гр. -конзервирана пченка 250гр. -3 јајца -маринирани печурки 250 гр. -моркови 200гр. -маслинки 100гр. -неколку листови марула -чипс Leonardo’s - Bacon -мајонез -растително масло -сол Подготовката започнува:Најпрвин морковот и јајцата се варат. Пилешкото бело месо се сецка на парчиња и се пропржува од двете страни. Сварените моркови се сецкаат на тенки парчиња, а пак јајцата се рендаат. Потоа тенко се сецкаат маринираните шампињони. Маслинките се сецкаат на половина И се чистат. Кромидот се става да се вари 10 мин со цел да изгуби јакиот и остар вкус и мирис. Откако кромидот ке се свари се сецка на тенки парчиња. Оваа салата се реди во слоеви најпрвин се започнува со тоа што на дното го редиме пилешкото бело месо, врз него покриваме со мајонез, потоа редиме морков повторно покриваме со мајонез, следи ред кромид брз него ренданите јајца, одозгора мајонез, на последниот слој се реди пченката. Откако сето тоа убаво ќе се нареди во длабок сад од страните на салатата се редат неколку листови од марула и чипсот Leonardo’s - Bacon .Потоа исецканите и исчистени маслинки се редат во средината на салатата и со тоа вашата салата сончоглед е подготвена. Добар апетит ! | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 04:00 | |
| Салата од домати со боранија Потребни состојки:
- малку Сол
- 200 грама Сирење
- 100 грама Сардина
- 20 милилитри Оцет
- 2 лажица/ци Масло
- малку Маслинки
- 2 чешниња Лук
- 300 грама Компир
- 1000 грама Домат
- 200 грама Боранија
- малку Црн пипер
Краток текст: Салата од домати со боранија Подготвување:Посебно се вари компирот во лушпа и боранијата, во солена вода. Компирот се лупи и се сече на коцки, а боранијата на половинки. Доматот се сече на тркалца, па сето тоа се меша, се додаваат маслинките, сирењето исечкано на парчиња, сечкани сардини и изгмечен лук. Се зачинува со оцет, зејтин, сол и црн пипер. | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 03:07 | |
| Салата од домати со печурки Потребни состојки:
- 200 милилитри Јогурт
- 500 грама Домат
- 1 Китка магдонос
- 1 Кромид/а
- 2 лажица/ци Масло
- малку Сол
- малку Црн пипер
- 100 грама Шунка
Краток текст: Салата од домати со печурки Подготвување: Печурките се цедат и се полеваат со ладна вода. Кромидот се сече на парчиња, а доматите на тркалца, па се меша со печурките и шунката сечена на парчиња. Се додава јогуртот, се посолува , се става црниот пипер, потоа се додава маслото и на крај се додава магдоносот. | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 03:06 | |
| Салата од јајца со мајонез Потребни состојки:
- 1 мала лажица Црвен пипер
- малку Сол
- 100 грама Сирење
- 50 грама Мајонез
- 3 Јајца/це
- малку Црн пипер
Краток текст: Салата од јајца со мајонез Подготвување:Сирењето изронете го и покријте го дното на чинијата во која ќе ја послужите салатата. Јајцата исечени на четвртинки, па од страната на жолчката ставете ги над сирењето. Наредете ги сите јајца. Обилно намачкајте со мајонез, наросете со црвен пипер и црн пипер.
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 03:55. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 03:04 | |
| Освежителна салата Потребни состојки:
- 100 грама Шунка
- 100 грама Сирење
- 400 грама Макарони
- 100 грама Мајонез
- 400 грама Кисели краставички
- 200 грама Кисела павлака
- 100 милилитри Јогурт
- 4 Јајца/це
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 15 мин.
Краток текст: Освежителна салата Подготвување:Макароните сварете ги во малку насолена вода. Исцедете ги и веднаш измијте со ладна вода. Оставете ги во цедалка. Јајцата излупете ги, ситно исечкајте ги и шунката и сирењето. Во длабок сад ставете ги макароните , додајте им ги јајцата, шунката и сирењето. Киселите краставички ситно исечкајте ги, малку истискајте ги со раце и додајте во садот. Посебно измешајте ги состојките за преливот, полијте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење.
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 03:55. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 03:02 | |
| Салата Примавера Потребни состојки:
- 100 грама Сирење
- 100 грама Пченка
- 1 Пиперка/ки
- 100 грама Моркови
- 250 грама Макарони
- малку Магдонос
- 100 грама Грашок
- 100 грама Боранија
- 200 милилитри Јогурт
- малку Сол
- малку Црн пипер
Краток текст: Салата Примавера Подготвување: Во наслона вода сварете ги макароните, исцедете ги, измијте со ладна вода па пак убаво исцедете. Посебно сварете ги морковите, грашокот, боранијата и пченката. Сè исцедете, а боранијата и морковите исечкајте ги на ситни коцки. Пиперката исчистете ја и исечкајте ја на коцки. Во длабок сад ставете ги исцедените макарони, додајте го зеленчукот, изронетото сирење и сè поврзете со јогуртот. Зачинете со сол и црн пипер, додајте сечкан магдонос.
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 03:56. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 03:01 | |
| Салата од карфиол со ореви Потребни состојки:
- малку Сол
- 100 грама Сирење
- 50 грама Сенф
- 40 милилитри Оцет
- 50 грама Ореви
- 5 лажица/ци Масло
- малку Магдонос
- 1 парче/чиња Лимон
- 400 грама Карфиол
- малку Црн пипер
Краток текст: Салата од карфиол со ореви Подготвување: Исчистениот и добро измиен карфиол се дели на цветови, а дршките се отстрануваат и се вари во посолена вода 2-3 минути. Карфиолот треба да биде малку тврд, но сепак да не биде суров. Кога ќе се олади карфиолот се става во чинија за салата, се попрскува со сок од лимон за да не потемни. Потоа се додаваат оревите и сечено сирење на коцкички. Одделно се мешаат оцетот, сенфот, маслото, соолта, црниот пипер и сечканиот магдонос. Со овој прелив се прелива карфиолот
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 03:56. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 03:00 | |
| Салата од варена пченка Потребни состојки:
- малку Сол
- 200 грама Пченка
- 1 Пиперка/ки
- 2 лажица/ци Масло
- 1 лажица/ци Лимонов сок
- 30 грама Зелена салата
- 1 Јаболка
- малку Црн пипер
Краток текст: Салата од варена пченка Подготвување:Пиперката се сече во резанки, а пиперката во коцкички, па заедно со мешаат. Се посолува и се додава црн пипер, се налева масло, сок од лимон и нежно се промешува. Јаболката се мијат и без да се лупат се сечат во резанки. Се натопуваат со сок од лимон за да не потемнат. Салатата се става во плитка чинија во вид на купче, а потоа се додаваат и резанките јаболка.
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 03:56. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 02:58 | |
| Салата од макарони Потребни состојки:
- 50 грама Целер
- малку Сол
- 1 Пиперка/ки
- 30 милилитри Оцет
- 2 лажица/ци Масло
- 15 Маслинки
- 150 грама Макарони
- малку Магдонос
- 50 грама Кисела павлака
- 10 грама Домат
- малку мала лажица Бибер
Краток текст: Салата од макарони. Подготвување: Измешајте ги оцетот, маслото, целерот, магдоност, киселата пиперка, маслинките и павлаката. Со овој прелив полејте ги макароните и се добро измешајте. Во декоративна чинија ставете ги листовите од зелена салата. Врз нив ставете ја салатата и украсете ја со доматите.
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 03:57. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Nikicka Супер ТОРМОЗ модератор
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748 ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка Љубовен статус : Free Години : 33 Локација : Домче Занимање : Студентка Се чувствувам : Фино Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36
Мојот миленик : Се вика : Глувчо
| Предмет: Re: Омилена салата Нед 30 Aвг 2009, 02:56 | |
| Салата од јајца Потребни состојки:
- 100 грама Фета сирење
- малку Сол
- 30 милилитри Маслиново масло
- 100 грама Мајонез
- 300 грама Кисела павлака
- 4 Јајца/це
Краток текст:Освен за приготвување храна со јајца, варените јајца се многу значајни за исхраната. Доколку сакате да сварите повеќе јајца истовремено најдобро е да бидат ставени во исто време да се варат и во метална решетка. Времето за варење се смета од мигот кога водата ќе почне да врие. Но, тоа зависи и од состојбата која јајцата ја имале пред да се стават на варење. Доколку биле на собна температура се препорачува пократко варење, а доколку се извадени од ладилник тогаш се варат подолго време. Подготвување: Сварете ги јајцата. Ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Смесата ставете ја во еден сад и додадете ½ лажичка сол. Додадете ја павлаката, сирењето и мајонезот и мешајте. Додека мешате додадете ги и 2-те лажици маслиново масло. Послужете.
Последната промена е направена од Nikicka на Нед 30 Aвг 2009, 04:02. Мислењето е променето 2 пати. | |
|
| |
Nikolaj Тормозохолик
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 591 Години : 39 Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1581 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : -4
Мојот миленик :
| Предмет: Re: Омилена салата Пет 14 Aвг 2009, 18:57 | |
|
| 3. Руска салата |
| 4. Пилешка салата |
| |
|
| |
Шеќерче ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 949 ТОРМОЗ порака : Јас сум тормозер на тормозерите :) Љубовен статус : Во врска со mr.PERFECT Години : 34 Локација : Домче Занимање : Студент Се чувствувам : CooL Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 875 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 23
Мојот миленик : Се вика : Туфка
| Предмет: Re: Омилена салата Пет 14 Aвг 2009, 18:09 | |
| Гласав за француска ммммммм | |
|
| |
°•MoonLight•° ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919 ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна! Љубовен статус : Во совршена и идилична врска Години : 37 Локација : Пред компјутер Занимање : Студент Се чувствувам : Вљубено Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60
Мојот миленик : Се вика : Торко
| Предмет: Омилена салата Сре 12 Aвг 2009, 22:07 | |
| Јадете ли салати? Колку често и која е вашата омилена салата?
Јас ОБОЖАВАМ!
Омилена салати ми се:
-Грчка салата -Компир салата -Таратур и -Руска салата
А како најомилена ја издвојувам грчката таа и најчесто ја јадам | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Омилена салата | |
| |
|
| |
| Омилена салата | |
|