°•MoonLight•° ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919 ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна! Љубовен статус : Во совршена и идилична врска Години : 37 Локација : Пред компјутер Занимање : Студент Се чувствувам : Вљубено Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60
Мојот миленик : Се вика : Торко
| Предмет: Се за стресот Пет 14 Aвг 2009, 19:52 | |
| 1. Дишете лесно Дишењето од дијафрагма носи кислород во крвта и Ви овозможува моментална релаксација. Плиткото дишење, од друга страна пак, ја забрзува работата на срцето, ги згрчува мускулите и ја зголемува вознемиреноста. Дишете длабоко на следниов начин: ставете ја раката на стомакот (веднаш под папокот) и вдишувајте полека преку носот. Како што се „полните“ со воздух, така се зголемува Вашиот стомак (тоа ќе го почувствувате преку ставената рака). Малку задржете го здивот, а потоа полека издишете. Повторете неколку пати.
2. Визуелизирајте смиреност Без разлика како Ви звучи ова, сепак се работи за нешто многу едноставно и многу ефикасно кога е стресот во прашање. Замислете си дека сте под топол туш и дека водата го измива стресот, кој истекува во одводот. Или пробајте ја следнава рутина: затворете ги очите, дишете длабоко и полека визуелизирајте се на некое убаво место. Замислете си дека шетате низ ливада или дека лежите на егзотична плажа. Фокусирајте се деталите, знаците, звуците, мирисите.
3. Одвојте време за масажа Наједноставното решение е сами да ја масирате едната дланка со кружни движења на палецот од другата рака. Или употребувајте апарат за масажа кој ќе ви овозможи масажа на тешко достапните точки на вашиот грб.
5. Смејте се Насмевката е двонасочен механизам. Се смееме кога сме опуштени и среќни, но исто така со смеењето можеме да станеме опуштени и среќни. Смеењето ги пренесува нервните импулси од фацијалните мускули до екстремитетите и `рбетниот систем, како клучен емоционален центар во мозокот, остварувајќи неврохемиски баланс за смирување.
6. Малку математика На скала од 1 до 10, со 1 обележете минимална расправија, а со 10 вистинска катастрофа, обележете и број со кој ќе означите нешто што е поврзано со вашата тага и чувство на загриженост. Можеби ако повеќето од Вашите проблеми се означени со бројки од 1 до 5 конечно ќе сфатите дека и не е некој голема работа.
7. Престанете со шкрипење на заби. Стресот може да се вгнезди во различни делови од вашето тело. Вилицата може да биде една од тие делови. Кога работите стануваат повозбудливи и напнати, обидете со овој совет од Др – Копер: Поставете ги прстите на зглобот на вилицата, напред пред вашите уши, зграпчете ги забите и длабоко земете воздух. Задржете го здивот за момент, и како што полека вдишувате – изговорете „Ах – х – х – х “ постепено и опуштете ги забите. Повторете го ова неколку пати.
8. Создадете си своја мантра Се препорачува некоја позитивна – кратка, јасна, позитивна изјава која се фокусира на вашите способности. „Потврдувањата се добар начин за да го замолчите само-критичниот глас кој сите ние го носиме во себе, кои може само уште повеќе да ни го загорчи стресот. “ Следниот пат кога повторно ќе се почувствувате дека животот ви е катастрофален и кога ќе се повторат една по друга неколку неволји, тогаш повторете 10 пати „ Јас сум смирен. Јас можам да се справам со ова.“ 9. Проверете ја вашта Чи енергија „Чи одење“. Застанете со стапалата и рамената во иста рамна положба кон напред и паралелно поставени. Свиткајте ги колената во половично клекната положба (околу 45 степени) додека горниот дел од телото го држите исправено. Следете го вашето дишење неколку вдишувања. Вдишете и поткренете ги рацете полека нагоре пред Вас во висина на рамената, а со зглобовите малку свиткани. Издишете уште еднаш, потоа застанете исправено.
10. Бидете борец „По првиот знак на стрес, можете често да слушнете како луѓето се жалат – што направив за да заслужам нешто вакво?“, вели Др – Копер. Проблемот е во тоа што се чувствувате како жртва и ова само може да го зголеми стресот и чувството на беспомошност. Наместо ова, бидете проактивни. Доколку вашиот лет за патување е откажан, не се фрлајте во самосожалување. Побарајте да презакажете друг. Доколку вашата соба е премногу ладна или топла, не страдајте во тишина. Повикајте одговорно лице во вашата зграда и видете што може да се подобри за да ви биде поудобно.
11. Ставете сѐ на хартија Запишувањето на проблемите ќе Ви помогне да ги видите од една поинаква перспектива. Затоа, земете лист хартија и поделете го на два дела. На левата страна, запишете ги нештата кои Ве вознемируваат и кои можете да ги смените, а на десната – нештата кои не можете да ги смените. Потоа, потрудете се да го смените она што можете и престанете да паничите за она што не можете.
12. Бројте до 10 Пред да направите или кажете нешто за што подоцна ќе зажалите, земете „тајм оут“. Доколку разговарате со некого – очи во очи – тргнете го погледот на страна, на неколку секунди.
13. Едноставно кажете НЕ Постојаното обидување да направите сѐ само може да Ви донесе повеќе проблеми со стресот. Бидете јасни во врска со вашите ограничувања, и престанете да се обидувате да ги задоволите сите во исто време. | |
|