Помогнете му на блискиот кога е во депресијаПериодот со кој се соочуваме речиси е идеален за паѓање во
депресија. Со ова не секогаш мислиме на парите, иако и тие се голем
виновник. Вредностите во општеството се променија и нé направија сурови
егоисти. Денес секој гледа за себе, солидарноста одамна си замина.
Има такви денови кога ваквата вистина ја чувствуваме на своја кожа.
Сето тоа надополнето со брзиот начин на живот нé тера наутро да не
сакаме да станеме од кревет. Ако порано ќе кажевме дека сме во
депресија зошто не ни се јавило момчето, денес депресијата значи многу
повеќе од лошо расположение.
Почнете сериозно да ја сфаќате пријателката што ви се жали дека е во
депресија. Депресијата е сериозна болест која влијае на физичката и на
менталната положба на индивидуата. Проблемот е тоа што депресијата
тешко се препознава и затоа отсуствува соодветното лекување. Човекот
што е во депресија тешко дека може сам да се излекува и да почне да се
чувствува убаво.
Целта денеска ни е да ве научиме како да препознаете кога некој е во депресија и секако да му излезете во пресрет.
Симптоми што ќе ви покажат дека вашиот сакан или некој од семејството е во депресија:Физички симптоми: лицето што е во депресија
постојано се чувствува уморно и сака да го преспие целиот ден.
Постојано се превртува додека спие, нема апетит, чувствува главоболка и
болки ви мускулите.
Душевни симптоми: душевните симптоми се најдобриот
показател, но тешко се забележуваат. Лицето се повлекува од јавниот
живот, одбива да ги извршува обврските, постојано е тажно и разочарано.
Не е во состојба да се концентрира. Работите што претходно уживал да ги
прави повеќе не му причинуваат задоволство.
Како да му помогнете на некој што е во депресија:1 чекор. Правите голема грешка ако мислите дека
треба да го оставите сам за да се смири или, пак, ако го принудувате да
излегува, а нему не му е до излегување. Не избегнувајте го, туку
помогнете му!
2 чекор. Седнете пред компјутер и заедно најдете
информации за неговата состојба. Поттикнете го да се обрати до стручно
лице. Најважно од сé е да го придружувате и да разговарате со него како
поминала средбата со докторот.
3 чекор. Подобро е да слушате што има да ви каже
отколку да се расфрлате со совети. Понекогаш некој има потреба да
зборува, но нема активен слушател или некој кому може да верува. Затоа
останете смирени и не зборувајте на другите за неговиот проблем.
4 чекор. Отворено прашувајте го како се чувствува и
покажете му дека сте заинтересирани да го решите проблемот со заеднички
напор. Дружете се со него и вклопувајте го во сите свои активности.