Баш пред некое време гледав еден таков човек на ТВ.
За да докаже дека има некаква енергија во рацете повика еден дечко од бендот кој свиреше во емисијата и успеа, без да го допре да го спушти доле (невозможно спуштање на телото со грбот кон земјата без да падне)
Човекот беше под таков агол што реално е невозможно нормален човек да се спушти толку доле.
Епа стварно не ми се верни овие работи ама вака кога ќе видам на ТВ, незнам дали да верувам или не?!
Наводно истиот човек спасувал луѓе кои биле во смртна постела.
Оние луѓе кои се наоѓале во критична состојба преку сонот го повикувале и тој одел да им помогне.
Кажуваше работи кои не ми се баш верни, а дека во себе има некаква енергија докажа дека има.