Мене ми се појавуваат афти и тоа доста често.
И јас сум слушнала дека со или без терапија во устата остануваат недела дена.
Со терапија веројатно можеш да си ја намалиш само болката. Незнам
Јас чекам да поминат сами од себе, а дека БОЛИ УЖАСНО БОЛИ.
Еве што најдов на нет. А ако некој знае да ти даде било каков совет од лично искуство уште поубаво.
За афти - плакнење со камилица
Секој шести човек барем еднаш во животот имал афти, а кај многу луѓе афтите
се јавуваат многу често. Тие имаат тркалезен облик, се јавуваат на
внатрешната страна на образите, на усните или на врвот од јазикот.
Прво се јавуваат мали црвени меурчиња, кои набрзо се претвораат во болна
раничка со белузлава боја на слузокожата. Кај некои луѓе афтите се
јавуваат еднаш до двапати годишно, но секогаш минуваат без последици.
По правило, поднесуваме печење во устата и чекаме пречките да поминат без
да пиеме лекови. Во меѓувреме, внимаваме на исхраната и внимателно ги
миеме забите за да не ја допреме болната слузокожа.
Но, од лицата на кои афтите им се јавуваат неколку пати годишно, секогаш можеме
да добиеме многу совети за “чудотворни# производи што брзо ги лекуваат
афтите и засекогаш го спречуваат нивното повторно јавување.
Но, не
постои лек со кој може успешно да се излекува секој вид афти. Зошто
воопшто се јавуваат афтите?
Како што е случајот и со бројните кожни болести, повеќе фактори, одделно или здружено, го предизвикуваат појавувањето на афтите.
Најчесто како главна причина се наведува уморот. Стресот или хормоналните
промени (во времето на пубертетот и бременоста) ја зглемуваат
веројатноста за појавување афти.
Причинител може да биде и вирус, на пример херпес или некој друг микроорганизам, детски или кожни болести или, пак, алергиски реакции на одделни лекови.
Најбрзо лекување се постигнува со алкални производи (кои ја неутрализираат
киселината). Тие нема да и наштетат на слузокожата на усната празнина,
а афтите ќе исчезнат за помалку од една недела.
Всушност, тоа е и времето во кое афтите спонтано минуваат. Треба ли воопшто да се земаат лекови?
Треба да се пијат лекови бидејќи тие го поттикнуваат брзото заздравување на слузокожата.
Освен тоа, иако сите не веруваат во ефектот на лековите, многу луѓе што
користеле лекови велат дека афтите исчезнале за два или три дена.
Но, може ли да се избегнат афтите на некој начин?
Појавувањето на афтите тешко може да се предвиди, а уште потешко да се спречи, велат експертите.
Постојат малку превентивни постапки, особено ако е причинителот вирус или некој
друг микроорганизам. Сепак, познато е дека некои продукти го
поттикнуваат создавањето афти -ореви, лешници, мувлосано сирење,
јагоди, ананас, чоколада, зелка.
Потребно е правилно одржување на хигиената на устата (миење на забите по секој оброк), особено ако се земе предвид дека не сме секогаш во можност да ја избираме храната што
ја јадеме.
Во аптеките можат да се набават и посебни пасти за заби. Тие пасти не ги спречуваат и не ги лекуваат афтите, но го поттикнуваат заздравувањето на слузокожата. Можат да се користат
секојдневно или наизменично со вообичаената паста за заби. Освен тоа,
додатоците што ги користат некои олигоелементи, особено бакар, злато и
сребро, можат да му помогнат на чувствителното месо на забите.
Локално лекување - изборот на лекот зависи од местото на кое се појавиле
афтите. Кога афтите во устата се на достапно место, се користи гел или
лосион. Гелот се нанесува со чисти раце, а лосионот со помош на
стерилна компреса или чепкалка намотана со стерилна вата. Но треба да
се внимава влакната од ватата да не се залепат за слузокожата.
Таблетите за смукање се препорачуваат кога ќе се појават повеќе афти и
кога ќе избијат во подлабоките делови на усната празнина. Содржат
активни материи кои ја јакнат локалната отпорност на слузокожата.
Најдобро е да се стават во уста, на афтата, и полека да се смукаат с¢
додека не се стопат. Но, без разлика за кој лек ќе се одлучите, ако по
една недела не забележите подобрување, треба да се обратите на
стоматолог.
Особено корисно е плакнењето на устата со камилица.
Во аптеките постојат капсули со лековити билни состојки, кои бавно се
топат во устата и се замена за плакнење со чаеви. Во некои случаи
помага плакнењето на устата со сода бикарбона. Таа има алкален состав и
се користи според познатиот рецепт - 2 лажици сода бикарбона треба да
се растворат во чаша вода и четирипати дневно да се плакне устата.