Сите сме слушнале за анорексија и булимија, но тоа не се
единствените пореметувања во исхраната во современиот начин на живеење.
Постојат и други кои не се дефинирани како болести, но, со
зголемувањето на бројот на пациенти и сѐ повеќе ќе се зборува за нив.
ОРТОРЕКСИЈАПостои голем број луѓе кои целосно се опседнати со здравата храна и
нејзиното приготвување. Орторексичарите ја исфрлаат од употреба секоја
храна за која сметаат дека не е здрава. Во некои случаи станува збор за
храна и продукти кои му се многу потребни на организмот. Целиот живот
им се состои од здрава исхрана и со тек на време другите започнуваат да
ги избегнуваат. Од тоа произлегуваат и други пореметувања.
БИГОРЕКСИЈА ИЛИ МУСКУЛНА ДИСМОРФИЈАОвој вид пореметување повеќе ја зафаќа машката поулација и претставува
преокупираност со мускулната маса. Овие момци не излегуваат од теретана
и колку добро и да го направиле своето тело, сметаат дека им е многу
слабо. Симптомите се 3-4 часа дневно размислување какво им е телото и
стоење барем 10 пати дневно пред огледало. Спореведуваат строги режими
на диета и исхрана.
СИНДРОМ НА НОЌНО ЈАДЕЊЕСтанува збор за пореметување при кое поголем дел од калориите луѓето ги
внесуваат во доцните часови. Во поголем број случаи, овие луѓе воопшто
не појадуваат, а ручекот им е прв оброк во денот. Продуктите кои ги
јадат навечер имаат многу масти и шеќер. Ова најчесто е поврзано и со
пореметување на сонот. Имено, оние кои патат од несоница се повеќе
склони да го посетат фрижидерот навечер.
ПРАДЕР-ВИЛИ СИНДРОМПоради пореметување на центарот за ситост, постојат луѓе кои не
престануваат да јадат. Тие не можат да ја контролираат гладтта и имаат
потреба од 24-часовна грижа. Имаат слаб тонус на мускулите, како и
проблеми со говорот.