Некоја мала лага е добредојдена, но само ако е наменета за добро
дело. Дали за да ве расположат, да ве усреќат, да ве освојат, да ве
искористат, без разлика, фактот останува -
МАЖИТЕ СИ ЛАЖАТ!Зошто лажат за изгледот? Некој кој не се разбира во
мода и кој не е опседнат со тоа како изгледа, а уште помалку како
изгледа неговата девојка, со мижење ќе ви каже што поубаво ви стои. Вие
го прашувате што поубаво ви стои, а тој без да го тргне погледот од
телевизорот ќе ви одговори. Затоа за такви совети си ги имате
пријателките.
Зошто се преправаат дека им е забавно, кога не им е?Од љубовта и почита спрема вас, подготвени се да издржат неколку часа
во женско друштво. Вие зборувате за диети, шминка, облека, тој се
смешка до вас, а паметот му лета. Затоа не чудете се кога на моменти е
заборавен и не се сеќава кога ќе му спомнете нешто од средбата.
Што е толку страшно да кажат дека биле пијани, кога секому му се случува?Да се најдете во друштво на машки што пијат, единствено нешто што ќе
слушате е кој повеќе испил, кој најмногу издржува, кој се лигави со
една чаша цела вечер... Прво за него понижување е да каже дека се
опијанил како средношколец, а второ сака да се поштеди од испрашувањата
дали се додворувал некому и какви глупости правел.
Зошто лажат за брачниот статус кога и онака на крајот сé се дознава?Сé почесто се случува кај нас да ви пријде момче на ваша возраст,
опкружен со другари, не носи бурма на раката, згоден е... но дома го
чека дете и жена. Навистина, ако не ви каже лично тој или некој од
околината, можете да наседнете бидејќи нема како да забележите дека е
во брак.
Зошто секогаш сакаат да бидат херои како Том Круз во „Невозможна мисија"? Паднал
од мотор, ниту се повредил ниту настанала некаква штета, но драма мора
да има. Па почнува да раскажува како животот му бил во опасност, како
моторот се вртел стопати, автомобилите едвај прикочиле, тој рипнал, на
улицата останале црни траги... прав акциски филм само за вас.
Мора ли секогаш да ги потценуваат сопствените другари?Особено ако во друштвото дојде нова девојка, тоа е исто како да сте
фрлиле месо на глутница гладни волци. Ќе се изедат меѓу себе кој да
дојде до вас. Ќе почнат да се расфрлаат со своите интерни шеги. Нема
тука размислување дека вас ве познаваат две минути а, другарот целиот
живот. Ако треба, ќе паднат и тешки навреди, важно е вие да бидете
насмеана.
Вас ве викаат спонзоруши, а тие лажат за парите.Имал трошна куќа во некое село, ќе се пофали дека има викендичка со
базен. За да ве импресионира, ќе почне да вади кеш од паричникот и да
чести сé околу себе. Автомобилот не го вади од уста, со мојот автомобил
кога бевме на одмор, јас со мојот автомобил кога бев на море, јас кога
ќе го удрев автомобилот... Кој им е виновен кога самите сакаат да нé
освојат со пари.