Јас да ви кажам нешто мнооооогу интересно
Мојот МАЧОР обожава да се бања.
Знам дека нема да ви се верува, зошто мачките-мачорите ужасно многу мрзат бањање и тешко на оние кои ги бањаат.
Ама во мојов случај обратно мачорот мој вчера го бањавме и си лежеше мирно, па дури и предеше
хахаха
Чудно мачорче е мојот Брунки.
Кога е сам плаче, мислам дека она што ич не го сака е да биде сам.
МОРА некој да има покрај него.
Верувајте ваков мачор не сте виделе.
Доста е сега за сега. Кога ќе направи уште нешто интересно ќе го пишам и тоа.
Сега сте вие на ред