Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Се за ХЕПАТИТИС Ц

Go down 
АвторПорака
°•MoonLight•°
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
°•MoonLight•°


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919
ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна!
Љубовен статус : Во совршена и идилична врска
Години : 37
Локација : Пред компјутер
Занимање : Студент
Се чувствувам : Вљубено
Е Баш вака : Се за ХЕПАТИТИС Ц Angelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60

Мојот миленик : Жаба
Се вика : Торко
: Се за ХЕПАТИТИС Ц Xnxloxjpg

Се за ХЕПАТИТИС Ц Empty
ПишувањеПредмет: Се за ХЕПАТИТИС Ц   Се за ХЕПАТИТИС Ц EmptyЧет 27 Aвг 2009, 20:42

Причинител: Хепатитис Ц вирус (ХЦВ)

Симптоми:
- жолтеникава боја на очите и кожата
- исцрпеност (изнемоштеност, замор)
- темна боја на урината
- болки во стомакот
- губење на апетит
- гадење


Симптомите од инфекцијата кај лица заразени со ХЦВ вирусот
варираат, што значи дека помалку од 5% од инфицираните ќе пројават
симптоми уште во акутната фаза како жолтеникавост, дијареа и гадење, а
само мал дел не пројавуваат никакви симптоми во било која фаза на
инфекцијата. Само исклучително мал дел од луѓето инфицирани со
Хепатитис Ц вирусот успеваат да ја победат до крај инфекцијата.

Инаку 80% од лицата инфицирани со Хепатитис Ц вирусот немаат
никакви симптоми, а кај 75-85 % од инфицираните може да се развие
хронична (долготрајна) инфекција.15% од ХЦВ инфицираните може да
заболат од цироза за период од 20 до 30 години, а помалку од 3% од
инфицираните може да починат како резултат на последиците од хроничното
заболување (рак на црниот дроб или цироза)

Дијагностика:

Преку крвните тестови се одредува присуството на Хепатитис Ц
антителата коишто покажуваат дека лицето било изложено, односно
инфицирано со ХЦВ вирусот, додека пак со ПЦР техниката се мери
вирусното оптеретување (количеството на вирусот во крвта).

Антителата од ХЦВ вирусот може да се детектираат кај 7 од 10 лица
(70%) кога симптомите ќе се појават и кај 9 од 10 лица (90%) за 3
месеци по започнувањето на симптомите. Меѓутоа , важно е да се нагласи
дека дека многу од лицата кои имаа ХЦВ немаат никакви симптоми, што го
усложнува неговота рано откривање.

Тестот за вирусното оптеретување (ПЦР тест) е индикатор и за тоа
дали организмот по природен пат успеало да ја победи ХЦВ инфекцијата
(иако процентот на луѓе кои успеваат да се исчистат од ХЦВ вирусот на
ваков начин е многу мал и редок). Имајќи предвид дека целта на
анти-Хепатитис Ц терапијата е да се редуцира концентарацијата на
вирусот во најмали граници, тестот за вирусното оптеретување исто така
се употребува и да ја следи ефективноста на третманот. Со ПЦР техниката
е потребно е да поминат 1 до 2 недели по инфицирањето за да се открие
присуство на ХЦВ во крвта

Тестот за проверка на работата на хепарот е индикатор повеќе кој
ни дава слика за неговото оштетување иако истиот е помалку корисен
наспроти оној за Хепатитис Б вирусот.

Преку биопсија, со земање на примерок од ткивото на хепарот исто
така може и тоа доста успешно да се определи степенот на оштетување на
црниот дроб. Оваа постапка може да помогна да се одреди и видот како и
временскиот период на користење на анти ХЦВ терапијата. Всушност
понекогаш само со биопсија на хепарот може вистински да се одреди дали
лицето кое е носител на Хепатитис Ц вирусот има оштетување на црниот
дроб, бидејќи останатите маркери кои го следат црнодробното оштетување
може да бидат во нормални граници.

ХИВ инфекцијата може кај некои луѓе и да ја отежни дијагнозата за
Хепатитис Ц вирусот, поради што тестот може и да не ги идентификува
антителата од овој вирус кај ХИВ+ лица

Начини на пренос:

- преку контакт со крв и крвни продукти од инфицирана личност (
користење на: заеднички прибор при интравенско користење на дроги ?
најзагрозена група во однос на оваа инфекција, нестерилни инструменти
при медицински интервенции, тетовирање, пирсање, употреба на бриџ или
четкичка за заби од ХБВ инфицирана личност, ) ? главен, доминанатен
начин на пренос

- преку сексуален контакт ( ваквиот начин на пренос е многу редок,
а веројатноста е мала иако таа се зголемува ако сексуалната активност
во себе вклучува контакт со крв, најчесто преку незаштитен анален
сексуален однос. Истражувањата кај хетеросексуалните партнери
покажуваат дека ризикот од пренос на ХЦВ вирусот преку сексуален однос
е мал. Меѓутоа ова е доста контраверзна тема, а и испитувањета се
сеуште во тек)

- од мајка на дете (за време на породување)

* не постои евиденција дека преку доење се пренесува ХЦВ вирусот

Хепатитис Ц вирусот не се пренесува преку плунка, воздух, вода,
храна и социјални контакти (гушкање, бакнување во образ, ракување...)

Превенција:

- не постои вакцина за превенција од Хепатитис Ц

- употреба на стерилна опрема (игли и шприцеви) при интравенско користење на дроги и вакцинирање против Хепатитис Б

- користење на стерилни инструменти при тетовирње и пирсање

- на здраствените работници се препорачува секогаш да ги следат
рутинските мерки за претпазливост, да бидат внимателни при работа со
игли и други остри предмети (потребно е и вакцинирање против Хепатитис
Б)

- употреба на кондом при секој сексуален контакт ( иако преносот
на ХЦВ вирусот преку сексуален контакт е поретка појава, пожелно е
користење на латекс кондоми особено кај лица кои имаат односи со повеќе
партнери, истовремено заштитувајќи се и од останатите Сексуално
преносливи инфекции)

- ХЦВ инфицираните лица не треба да донираат крв, органи, ткива

Лекување:

Целта на лекувањето е да се нормализира дејството на ензимите во
црниот дроб ( оцена за функционалноста на црниот дроб), да се намали
концентрацијата на вирусот, да се подобри општата состојба на црниот
дроб ( намалување на воспалителноста) и да се превенира можната
прогресија за цироза или рак на црниот дроб.

Третманот за Хепатитис Ц не е доживотен ( како во случај со ХИВ
инфекцијата) и обично трае 24 до 48 недели. Обично 3 антивирусни лекови
се прифатени (одобрени) во лекувањето на оваа инфекција: алпха
интерферон ( кој се дава со инјектирање), со или без антивирусниот лек
рибавирин , или пак се користи една нова форма на интерферон наречена
пегѕлатед интерферон (пегилиран интерферон) кој се дава во комбинација
со рибавирин. Британската ХИВ асоцијација преорачува ХЦВ инфекцијата да
се лекува во комбинација на пегѕлатед интерферон и рибавирин, иако
несаканите ефекти (силни трески, болки во зглобовите и мускулите
и.т.н.) може да бидат доста непријатни (тешки), но кои сепак со текот
на времето (во самиот период на лекувањето) постепено се намалуваат.
Комбинираната терапија го елиминира ХЦВ вирусот кај 5 од 10 ХЦВ+ лица и
доведува да истиот не е детектибилен во подолг период (до 11 години).
ХЦВ инфицираните лица исто така треба да се во постојана консултација
со својот лекар заради можна појава на болести на црниот дроб. Пиењето
на алкохол допринесува кон побрзото оштетување на црниот дроб кај ХЦВ
инфицираните лица


Коинфекција

Многу се чести случаевите да ХИВ инфицираните личности се
истовремено и носители на Хепатитис А, Б и/или Хепатитис Ц вирусот.
Медицинската терминологија за оваа појава е коинфекција.

Имајќи предвид дека ХБВ и ХЦВ вирусот може да предизвикаат
сериозни оштетувања на црниот дроб, тоа истовремено значително влијае и
во изборот на третман (како и неговата ефикасност) кај луѓето кои се
ХИВ инфицирани, поради побарување од дополнителни испитувања и следење
на болеста.

ХИВ позитивните личности кои истовремено се и носители на ХБВ
вирусот се во поголема опасност да преминат во хронични носители на ХВБ
инфекцијата (околу 1/3)

Кај луѓето кои се коинфицирани со ХИВ и ХЦВ вирусот прогнозите
како ќе се развива болеста се сеуште неразјаснети. Последните студии
сепак покажуваат дека присуствота на ХИВ вирусот може да го забрза
оштетувањето на црниот дроб кај коинфицираните личности, и дека кај
овие луѓе е поверојатно да имаат побрза прогресија на СИДА. Околу
30-40% од луѓето кои се ХИВ инфицирани се истовремено и носители на
Хепатитис Ц вирусот. Особено коинфекцијата со ХЦВ вирусот е изразена
кај интравенските корисници на дроги ( 60-90% од интравенските
корисници на дроги кои живеат со ХИВ вирусот се носители и на ХЦВ
вирусот истовремено)

Во однос на тоа како да се лекува коинфекцијата работите сеуште не
се до крај разјаснети, а истовремено постои и подвоеност кај лекарите
во однос на начиниот на третманот. Иако некои од анти-ХИВ лековите
истовремено делуваат на редуцирање на ХБВ и ХЦВ вирусот во организмот,
сепак тоа од друга страна во одреден период од лекувањето и
комбинацијата на лековите може да доведе до влошување на работата на
црниот дроб, особено кај оние луѓе со сериозни заболувања нацрниот дроб
што побарува и дополнителни испитувања, консултации и претпазливо
следење на инфекцијата
Вратете се на почетокот Go down
https://tormozenje.macedonianforum.net
 
Се за ХЕПАТИТИС Ц
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Гинекологија-
Отиди до: