Време е за САНГРИЈА
Одскромните корени во Шпанија, сангријата прерасна во светски популарен
освежителен пијалак. Во САД сангријата првпат беше пробана на Светскиот
саем во Њујорк во 1964.
Сангријата потекнува од традиционалниот пунч
со црвено вино популарен низ Европа со векови. Основата на пунчот е
кларе, т.е. бордо вино од Франција. Бренди и овошје се додаваат за
вкус. Во 18 и 19 век ваквиот пунч го имало на забави од секаков вид.
Секој
ресторан си има свој рецепт за сангрија - обично смеса од вино, бренди
и од свежо овошје, со мраз. Ова е еден од најиндивидуалистичките
пијалаци на пазарот. Сангрија може да се прави и со бело вино - тогаш
се вика сангрија бланко.
Основен рецепт за сангријаСостојки:
1 шише црвено вино
1 лимон, исечен на парчиња
1 портокал, исечен на парчиња
2 големи лажици шеќер
1 чашка бренди
2 шолји сода
Начин на приготвување:
Сипете
го виното во бокалот и истискајте го сокот од лимонот и портокалот во
виното. Ставете ги парчињата овошје (по можност без семки) и додадете
шеќер и бренди. Оставете да се олади преку ноќ. Додајте сода непосредно
пред сервирањето. Ако сакате да сервирате веднаш, употребете ладно
црвено вино и служете со многу мраз.
Идеи за додатоци: сечкани
јагоди, праски, грст свежи боровинки, малини, киви, шприц-два џин,
бренди или рум, газиран сок од лимон или портокал или сок од лимета.