Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
ТормозењеHomeБарајGalleryLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Несоница!!!

Go down 
3 posters
АвторПорака
huBaBuBa
ToРмОзЕр
ToРмОзЕр
huBaBuBa


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 457
ТОРМОЗ порака : Биди и ти... дел од ТОРМОЗЕЊЕ :D:D:D
Љубовен статус : СРЕЌНО ЗАЉУБЕН
Години : 38
Локација : Ѓорче
Занимање : Студент
Се чувствувам : Среќно
Е Баш вака : Несоница!!! Psychedelic
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 977
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 40

Мојот миленик : Кравичка
Се вика : Трубаревка
: Несоница!!! 1494dwwjpg

Несоница!!! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Несоница!!!   Несоница!!! EmptyВто 15 Сеп 2009, 14:53

Несоница!!! 39a859f0aad52c4f0a5ab35813506fd5
Само
неколку едноставни совети можат да ви помогнат полесно да потонете во
сон и да се разбудите комплетно одморени. Добри мисли, сакана личност и
средена соба се идеални дејства за вашиот сон да биде подобар и да
бидите спремни кога ќе се разбудите за обврските кои ги носи секој нов
ден.

Сонот е неопходен за нормално функционирање и завршување на дневните
задачи, но стресот и дневниот ритам, обилните доцни оброци, понекогаш
се причина да не можете да заспиете. Се што сте изеле,
организмот мора да го свари, а доколку јадете касно навечер варењето на
храната нема да биде завршено кога вие ќе си легните и може да ви биде

потешко да заспиете.

Несоница!!! Odi

Истражувањето спроведено на повеќе од 700 жени и мажи покажало дека луѓето кои

пешачат барем пола час дневно имаат помалку проблеми со спиењето. Пешачењето има исто дејство како и таблетите за спиење, но многу е поздраво и нема да ви создаде зависност. Вечерата ако можете отстранете ја

од вашето дневно мени на оброци, а ако тоа не можете да го направите
тогаш гледајте тоа да биде најлесниот оброк дневно, а најмногу јадете
наутро. Тоа ќе ви даде енергија за целиот ден, а во текот на денот
додека се движите вашиот организам полесно ќе го обработи она што сте
го внесле во него.
Еден од најдобрите совети за подобар и полесен сон е да не претерувате со кафето
и ако можите воопшто да не пиете кафе. Тоа содржи голема количина на
кофеин. Но, доколку сте зависни од него, тогаш испијте го последното
кафе до 14 часот. Исто така не заборавајте дека кофеин има и во
газираните пијалоци, чоколадото и чајот, па смалете го конзумирањето на

производи во попладневните часови.
Несоница!!! Wine
Една чаша вино

во вечерните часови од денот ќе ви помогне полесно да потоните во сон,
но доколку претерате со забавата и испиете повеќе алкохол, ризикувате
на повеќекратно будење во текот на ноќта. Исто така не заборавајте да внесете доволно количество на течности
во организмот, затоа што и најмала дехидрација може да допринесе за
проблеми во текот на ноќта. Просечно гледајте да пиете околу 8 чаши
вода дневно, а ако спортувате тогаш ќе ви требаат уште најмалку 4 чаши.
Секако, за да не станувате ноќе до купатило, последната чаша вода
испијте ја еден сат пред да си легните. Редовното
вежбање ќе ве наполни со енергија, но најдобро време за спортување е
првиот дел на денот. Ако вежбате навечер, спиењето ќе ви биди отежнато.
Доколку не можете да заспиете пробајте да станете од креветот, прошетајте низ куќата и размислувајте за убави работи кои ве опуштаат. Вратете се во креветот после 15 минути и подобро ќе заспиете.Пробајте малку да ја средите собата пред
да легните да спиете. Ако вашата е соба е расфрлана со алишта и куп
други работи многу потешко ќе заспиете отколку во соба која е прилично

средена .Исто така ако не можите да заспиете познато е броењето на овци :D. Но, многу побрзо ќе заспиете и со чекање на некои работи,
односно ако се замислите во некои работи кои едвај чекате да ви се
случат како на пример мислете си кога ќе ја видите вашата сакана
личност, кога ќе одите на екскурзија, кога ќе добиете возачка дозвола,
ако сте повозрасни кога ќе земите плата итн итн...
Вратете се на почетокот Go down
maister
ТОРМОЗ модератор
ТОРМОЗ модератор
maister


Male
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 376
Години : 37
Локација : Скопје
Е Баш вака : Несоница!!! Relaxed
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 717
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 18

: Несоница!!! 11v2nu1jpg

Несоница!!! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Несоница!!!   Несоница!!! EmptyПон 14 Сеп 2009, 22:59

јас од кога памтам за мене - најчесто спијам околу 5 часа( со исклучок кога сум многу, многу уморен)

а ако спијам повеќе - нема да функцијонирам цел ден, ќе ме боли глава, како да сум омалаксан и сл.
како кога ќе се преспиеш!!!
Вратете се на почетокот Go down
Nikicka
Супер ТОРМОЗ модератор
Супер ТОРМОЗ модератор
Nikicka


Female
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 748
ТОРМОЗ порака : Јас сум госпогица Тормозерка
Љубовен статус : Free
Години : 33
Локација : Домче
Занимање : Студентка
Се чувствувам : Фино
Е Баш вака : Несоница!!! Cheerful
ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 1815
ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 36

Мојот миленик : Глувче
Се вика : Глувчо
: Несоница!!! 1494dwwjpg

Несоница!!! Empty
ПишувањеПредмет: Несоница!!!   Несоница!!! EmptyПон 14 Сеп 2009, 22:03

Несоница!!! Ne_moze_da_zaspie


На некој му се потребни повеќе часови сон за да може нормално да
функционира во текот на денот, друг може да помине со помалку.
Просечно, за добро здравје на телото и духот се препорачуваат 8 до 9
саати спиење. Денешното брзо темпо на живот ги измести границите. Се
поголем е бројот на луѓе кои спијат само по 4 саати. Таквиот факт треба
да биде загрижувачки со оглед на негативните последици кои може да се
појават.
Синдром на одложување на времето за спиење.
Овој синдром го имаат сите оние луѓе кои ги замениле денот и ноќта.
Значи активни се за време на ноќта ,таква им е работата, а денот го
користат да спијат. Лошото е во тоа што квалитетен сон се добива во
доцните часови. Конкретно тие саати му се потребни на нашиот мозок за
да се храни. Ваквиот стил на живот влијае и врз метаболизмот и секако
врз социјалниот аспект од животот.
Булимичен сон.
Вака ја нарекуваат експертите, појавата кога луѓето во текот на
неделата спијат по 4 до 5 саати, а за викендите надокнадуваат. Тоа
навистина е изводливо, но последиците може да бидат фатални. Хроничниот
недостаток на сон освен што влијае на метаболизмот може да предизвика
појава на низа болести како дијабетис. Недостатокот на сон го
споредуваат со вишокот алкохол во крвта. Што значи ако сте ненаспани
исто како да сте пијани.
Фактот што една третина од животот го поминуваме во спиење, ни
говори за важната улога на овој феномен кој, секоја вечер го обновува
нашиот организам. Не се водете по фразата: "не сакам животот да ми
помине во спиеење". Никако не смеете да го потценувате спиењето, тоа е
пред се биолошка потреба.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Несоница!!! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Несоница!!!   Несоница!!! Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Несоница!!!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: ЖИВОТ :: Здравје :: Ментално/Психичко/Емоционално здравје-
Отиди до: