°•MoonLight•° ToРмОзЕр
БРОЈ НА Тормоз ПОСТОВИ : 2919 ТОРМОЗ порака : Тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна! Љубовен статус : Во совршена и идилична врска Години : 37 Локација : Пред компјутер Занимање : Студент Се чувствувам : Вљубено Е Баш вака : ПОЕНИ ЗА АНГАЖИРАНОСТ : 3036 ВАШИОТ РЕЈТИНГ : 60
Мојот миленик : Се вика : Торко
| Предмет: Брусница-ЛЕКОВИТА БИЛКА Пет 16 Окт 2009, 11:25 | |
|
| Брусницата (Vaccinium vitis-idaea) е билка од фамилијата Ericaceae. КарактеристикиБрусницата е во форма на жбун и израснува од 10 до 40 cm. Има овални темнозелени листови, кои се поредени во парови и наименично. На врвовите на гранчињата висат во вид на гроздови, бели, а поретко црвенкасти поединечни цветови, кои имаат форма na sвончиња. При крајот на август и почетокот на септември, од цветовите настануваат прво бели плодови, а покасно тие добиваат црвена боја. РаспространетостБидејќи брусницата е многу отпорна на ладно и на мраз (до мунус 22 степени Целзиусови), таа е распространета во поголемиот дел од северната хемисфера, од краевите со умерено-континентална клима, па сè до арктичкиот дел (71° северна широчина). Посебно и одговара сончева и сува клима и кисела земја, богата со хумус, но поднесува и помалку хранлива песочна земја. СоставБрусницата содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини. 100g брусница содржи:
kcal | kJoule | вода (g) | маснотии (g) | калиум (mg) | калциум (mg) | магнезиум (mg) | витамин Ц (mg) | 35-39 | 148-162 | 88 | 0,5 | 72 | 14 | 6 | 12 |
Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе. Освен тоа, брусницата е веќе долго време позната како лековита билка. Од нејзините листови и плодови се прават лековити чаеви. Од свежите плодови се прават сокови, а плодовите можат да се чуват и замрзнати или сушени. Од нив може да се прават вкусни џемови, сосови и јадења. Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото. Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот. Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото. Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови). Брусницата го подобрува и видот. Сокот и чајот од плодовите и лисјата на брусницата им се препорачува на децата и на старите лица. Треба да се напомене дека лисјата се берат после бербата на плодовите. Црвените плодови на брусницата се користат како фил за колачи, за торти, од нив се прават мармалади и сирупи. Често сосовите од брусница се вкусен додаток на јадењата од дивеч. Како и боровинките, така и брусницата потекнува од Северна Америка, а нејзините лековити својства ги знаеле уште американските староседелци. Благодарение на високата концентрација на витамин Ц, плодовите од брусницата имаат киселкаст вкус. Плодот (освен како сок) може да се консумира свеж, сушен, смрзнат или пак може да се служи како сос или додаток на разни јадења Плодовите се посебно богати, покрај со класичните витамини и минерали: А и Ц, калиум и растителни влакна, и со различни заштитни материи како што се биофлавоноидите. Биофлавоноидите имаат силно изразено антиоксидансно дејство, со што се намалува ризикот за развој на рак. Антиоксидансите помагаат и во превенција на кардиоваскуларните заболувања, а хипуричната киселина претставува природен антибиотик со изразено дејство против габите. Антоцианините и проантоцианидите помагаат во обновување на клетките одговорни за сетилото за вид. Покрај тоа, брусницата има и многу мало количество на шеќер, па делува на намалување на шеќерот во крвта, што е посебно корисно за дијабетичарите. Научните истражувања покажале дека 3 чаши сок од брусница дневно го зголемуваат нивото на антиокидансите во плазмата преку 120%. Со таква консумација се подига нивото на „добриот“ холестерол во крвта, а на тој начин и се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за околу 40%. Но, она поради кое брусницата стана прав „хит“ е, всушност нејзиното благотворно дејство на различните воспаленија и инфекции на уринарниот тракт.
Како делува брусницата?
Најчестата и најтврдокорна бактерија на уринарниот тракт, E. colli, се лепи за sидовите на уринарниот систем. Но, сокот од брусницата, на некој начин, го спречува тоа лепење на опасните бактерии за еднотелот на уринарниот тракт, така да бактериите полесно се исфрлаат со мочката. Новите истражувања покажуваат дека некои состојки од брусницата делуваат и врз една друга честа и опасна бактерија, а тоа е Helicobacter Pylori, која во наголем процент е причина за чир во желудникот. Но, и покрај сите овие корисни својства на брусницата, никако немојте да бидете „сам свој лекар“. Доколку мислите дека имате инфекција на уринарниот систем (печење при мочање, болки во пределот на мочниот меур), секако прво треба да отидете на лекарски преглед. Секоја инфекција може да доведе до сериозни компликации.
|
| |
|